Интервју на списанието Medicus, Македонија, со Др. Минир Асани

Модел на пожртвуваност, професионална посветеност и успех

Медикус: Каде го започнавте образованието, во кои околности и од кога се наоѓате надвор односно во Германија?

Минир Асани: Основното образование го завршив во Охрид за да продолжам со гимназијата во Струга. Зошто во Струга а не во Охрд? Тоа е една друга тема која можеби ќе ја разгледаме друг пат во некоја друга прилика.

Медицинскиот факултет го завршив во Приштина. Во 1983 година започнав да работам како општ лекар во Дреница. И вработувањето во Дреница е посебна историја.

Дреница, како место за вработување беше идеално, за голем дел од нас, што не се враќавме во родниот крај, заради политичките прилики, наметнати во околностите на тоа време, кои се сега веќе познати за прогонот и заканите за албанците од македонските власти. Но во тоа време и во Косово почна да се влошува ситуацијата.

Политичката ситуација стануваше се полоша, посебно по промените на Уставот на Косово. Јас бев започнал со мојата специјализација од областа на офталмологијата, во Универзитетскиот центар во Приштина и набргу паднав во конфликт со принудната управа на клиниката, именувана од Белград.

Во овие околности, после неколку дена, значи во Септември 1989 година заминав во Загреб, каде што продолжив со специјализацијата. Сопругата и тукушто родената ќерка останаа во Приштина. Овде го поминав сиот период на растурањето на Југославија односно војната во Словенија и Хрватска. Во 1992 година завршив со специјализацијата но останав како странски државјанин во Хрватска и се отежна мојот престој. Немав пасош затоа што ми беше одземен од 1981 година од органите во Охрид, додека во Хрватска се одеше со лична карта.

Ова ме принуди да барам нови патишта. Сопругата продолжи да престојува во Приштина иако сега веќе и таа беше одстранета од работното место како асистент на Факултетот за географија. Ми требаше да најдем некое брзо решение. И одлучив да заминам за Германија.

Овде се соочив со невообичаени предизвици, како што е непознавање на јазикот, немање на документи, непризнавање на специјализацијата. Ме очекуваше тежок предизвик кој одлучив да го прифатам. Во 1997 година успеав да добијам дозвола за траен престој во Германија и во 2000 година и германско државјанство. По 1997 година, мојот живот започна бргу да се менува кон подобро. Во еден петтогодишен период сум волонтирал (без плата), го учев јазикот и за викенди работев во некој ресторан за да преживеам.

Во тоа време не беше лесно за лекарите. Имаше повеќе лекари одошто понуди за работа. Имаше многу лекари од Источна Германија но и од другите држави. Во 1997 година специјализирав одново во Минстер и во 2000 година ја добив таканаречената „апробација“ која те става во рамноправна положба, во правата и обврските, со еден германски доктор.

Медикус: На кое поле сте ангажирани, кои се сега предизвиците и Вашите успеси во главната област на Вашето дејствување и аткивност?

М. А.: како што нагласив и погоре, во 2000 година се осамостоив и купив една клиника во Лунен – Германија, место со околу 100 000 жители, во близина на Дортмунд. Ова приватна институција со просторот кој го има, овозможува широка специјалистичка дејност, опфатено и операциите од оваа област. Ова беше предизвик за мене како во поглед на менаџирањето, професијата, организацијата, итн. Многу брзо ја проширив дејноста и во 2001 година, по прв пат во Лунен, понудив амбулантни оперативни услуги и по кратко време ја отворив и втората клиника, поголема од првата, во Дортмунд. Во меѓувреме, напредокот на технологијата во областа на окулистиката, отвори нови перспективи во ова професија. Третманот на диоптријата со ласерски зраци беше една професионална провокација и предизвик кој сакав да го прифатам. Па така во 2002 година заминав на субспецијализација во Њујорк (САД), со оваа цел. Ова ми овозможи, откако ова интервенција законски се одобри во Германија, да бидам првиот кој ќе ја практикува во делот на Вестфалија, откако го инсталирав најмодерниот ласер (Ladar Vision 4000) во мојата клиника во Лунен. Овој центар работи од 2003 година како Ласерски Центар за Окулистика.

Работата се ширеше и клиниката ги зголемуваше активностите со тоа што реализираше до 1200 операции годишно. Бројот на работници постојано се зголемуваше. Бидејќи бевме први се зголемуваа и обврските од едукативна природа и обуки во и надвор од Германија, каде што рефрактивната хирургија веќе имаше земено замав.

Моето искуство од оваа област ми ги отвори можностите да бидам дел од престижните екипи за нејзина едукација и напредување во светот.

Во јуни 2005 година после две-три годишните припреми отворив дневна клиника за око во Приштина со сите услови како во Германија. Неколку месеци ми беа потребни да ја носам мојата екипа од Германија во Приштина, додека се оспособија новите локални кадри. Значи, први во регионот ја внесовме рефрактивната хирургија со еден од најмоќните ласери во светот, први започнавме со хирургијата на мрежницата и стаклестото тело, микрохирургијата на глаукомот итн.

Во Приштина продолжува праксата на соработка со германските лекари за овие операции кои сега се вршат во покомотна средина, како што напоменав, освен нас кои идиме од Германија успешно работат и 6 локални лекари како и други 20 здравствени работници.

Другите динамични текови во здравството и барањата за раст ме обврзаа, во 2008 година, да ја отворам во Дортмунд првата приватна луксузна клиника за офталмологија, каде што идат пациенти со приватно дополнително осигурување што значи, тие со поголеми финансиски можности, што не ја надминува бројката од 8% од бројката на општо осигурани лица во Германија, но квалитетот на услугите покажува дека инвестицијата беше полн погодок затоа што сегашниот проток овозможи уште покапитални инвестиции во крајно напредната апаратура што, оваа клиника ја чини единствена во регион од над 8 милиони население, каде што ние нудиме услуги.

Вака продолжив и во 2009 година кога ја проширив дејноста со уште две други клиники во Дортмунд и сега се над 11 офталмолози со над 80 луѓе помошен персонал кои работат во Групацијата „Домед“ која јас ја управувам. Потоа, во јуни 2012 година отворив уште една очна клиника во Тирана каде што работат три докторки и многу помошен персонал. И овде, клиниката е обезбедена со најмодерните средства и се реализираат по прв пат многу видови на операции на окото. Овде го инсталиравме ласерот Ex500, кој е познат како најбрз и најпрецизен, кој што нуди максимална сигурност. Вакви има само 11 во Европа, еден од нив е во Тирана.

Природата на работата и технолошката динамика во оваа област наметнуваат непрекинат напредок, каде што и јас, како еден од нејзините пионери, се трудам за ниту еден момент да не заостанам, со тоа што обезбедувам најнова технологија таму каде што работам, како во Германија така и во Тирана и во Приштина. Таквата технолошка модернизација и единственото вакво искуство ни овозможува да се бавиме и со научни истражувања што е во функција на ширењето на знаењата и искуството за новите генерации.

Медикус: Во спредба со државата каде што работите и родниот крај, според Вас, кои се специфичностите на соодветните системи во областа на научното и професионалното истражување во здравството?

М.А.: Јас сега не го познавам многу здравствениот систем во Македонија. Бидејќи сум од Македонија, се обидов да отворам една клиника но наидов на необјасниви потешкотии. Од ова разбрав и можам да кажам дека има уште многу работа за да се елиминира институционалната арбитрарност и провинцијализмите во умот на некои поединци, што изгледа како доминантна појава во Македонија. Онолку, колку што го познавам тој од Косово и Албанија, тешко ми е да го споредам со тој од Германија која има еден систем над стотина години стар и најдобар во Европа. Овде каде што сум, за разлика од местата кои ги спомнав, има еден етаблиран систем на вредности и слободно можиш да применуваш професионална или научна дејност. Овде се почитува работата и придонесот на професионално поле. Ни изгледа абсурдно и неразбирливо трчањето по титули и степени што се случува во нашите земји, кога се знае дека тие не се засновани на потребните достигнувања. Академските титули овде имаат вредност само за оние што се по универзитетите, но секогаш засновани врз мерливи стандарди. Додека со наука можи да се бави секој кој што ќе постави една одржива хипотеза и настојува во нејзиното докажување. Јас правам над 2500 операции годишно и имам помошен кадар кој работи на вреднување на резултатите од операциите. Над 60% од операциите ги вршам на здраво око што значи, на пациенти кои имаат рефракциони пречки и не сакаат да носат оптички средства. Значи, секојдневно се соочувам со етичкиот аспект, затоа што пред мене се наоѓаат млади, бизнисмени кои имаат пред себе иднина и сакаат да постигнат големи успеси во животот. Ова ме тера постојано да ги подигам стандардите и одговорноста кон себе.

Медикус: Како гледате на можноста, односно, кои би биле најсоодветните форми за соработка помеѓу научниците односно нашите лекари од дијаспората со оние од родниот крај, вклучувајќи ги овде здравствените и образовните институции?

M.A. Формите и можностите се многубројни. Но, јас не разбирам зошто здруженијата, институциите во родниот крај, кои и да се тие, немаат иницијатива да не ангажираат во некоја активност, како што се образование за младите лекари, предавање или други форми кои лесно се реализираат. Клиниките кои ги спомнав, во Приштина и Тирана, можат да бидат средства за едукација на младите лекари. Вознемирувачка е ова индиферентност која се граничи со „одбивање да се научи“ а најмногу се чувствува во Македонија, таму каде што според сите податоци изгледа дека има најмногу потреба, особено за албанските лекари. Апсорбирачката желба за учење, за постигнување вистински професионални достигнувања изгледа дека е повеќе присутна во Косово и Албанија, каде што имаме реализирано неколку конференции ”во живо” од операционите сали како една крајно продуктивна и иновативна метода. Дури и скромно организираните средби во Македонија, од нашите разговори, не се користат во интерес на нашите лекари. Едноставно немам одговор на таквиот однос.

Ми преостанува само да изразам жалење за неискористените можности и изгубеното време, кое не се враќа. Јас останувам со мојата воља да му овозможам на локалнитекадри обука и едукација, било таму на лице место или тука во Германија, но потребна е по отворена и искрена соработка за изнаоѓање на формите за реализација во организирана форма.

Медикус: За крај, што ќе му препорачате на младите колеги од Вашиот роден крај и посебно на читеателите на Медикус?

Би им препорачал да го научат англискиот или германскиот јазик, да работат е да не се плашат од ништо. Се се постигнува со работа. Успехот и достигнувањата се вкоренуваат само со знаење.

 

Doctors & our scientists in the world

Почитувани читатели на ИЈМ Медикус, од овој број, редакцијата на списанието одлучи да ги претстави (во секој број по еден) нашите лекари и научници кои успешно дејствуваат во светот. Ние веруваме дека на овој начин, покрај тоа што ќе се информираме подобро за нивните достигнувања, дејноста и интересот, ќе се оствари една можност повеќе за комуникација, за изнаоѓање на патишта за комуникација, размена на искуства и напредок на меѓусебните знаења за сферите на интерес.

Интервју на списанието Medicus, Македонија, со Др. Минир Асани. Модел на пожртвуваност, професионална посветеност и успех