Дијабетесот предизвикува компликации на различни органи, меѓу нив и на очите. Дијабетската болест на окото се однесува на група на промени на очите кои се јавуваат кај луѓето со болести кои се означени како шеќерна болест или дијабетски компликации.

Др. Валбон Ајазај мр. Сци.
Офталмолог
Германска Очна Клиника

Овие промени можат да предизвикаат сериозно губење на видот или да предизвикаат потполно слепило. Дијабетските оштетувања на очите се познати како дијабетска ретинопатија.

Фотографија 1: Нормален изглед на ретината

Се проценува дека околу 60% од луѓето со дијабетес имаат манифестација на дијабетска ретинопатија и дека дијабетската ретинопатија (ДР) е водечка причина за слепило кај пациентите на возраст од 20 до 74 години.
Веројатноста за развој на оваа компликација зависи од времетраењето на дијабетесот, квалитетот на контролата на гликоза во крвта, крвниот притисок, нивото на серумски липиди, нивото на внес на калории, нивото на физичка активност, итн. Возрасната група што е најмногу изложена на опасност од дијабетесот е од 30-39 години.
Клиничките манифестации на дијабетичната ретинопатија: Важно е да се напомене дека пациентот нема да забележи промени на видот се додека дијабетесот не го оштети регионот на макулата, односно додека не дојде до појава на позначително крварење во стаклестото тело или ретината. Затоа, пациентот може да има тешка ретинопатија, додека од друга страна се уште да има добар вид (види слика 2). Затоа, редовните прегледи на фундусот на окото се неопходни.
Промените кои можат да се појават во мрежницата се: микроанеуризми (екстензии во форма на кесичка на капиларниот ѕид), површни или длабоки крварења, тврди и меки ексудати, неоваскуларизации, фиброваскуларна пролиферација, итн Во зависност од нивниот изглед, дијабетската ретинопатија се дели на непролиферативна и пролиферативна (во нивните рамки постојат и подкласи

Фотографија 2: Изразени неоваскуларизации – пролиферативна дијабетска ретинопатија од тежок степен (Внимание! Видот е скоро нормален затоа што макуларната област е релативно зачувана).

Третман
Лечењето на дијабетската ретинопатија се врши ан 3 начини: со ласерска фотокоагулација (LFK), интравитреална инјекција на различни супстанции и операции на ретината и стаклестото тело (Парс плана витректомија -PPV).
LFK ја користи топлината од ласерскиот извор за каутеризација на ослабените крвни садови кои можат да крварат а исто така, има многу важна улога во спречувањето на развојот на неоваскуларизацијата и аблација на ретината.
LFK-ja е брза, безболна процедура која се врши за 10-15 минути и може да се повторува повеќе пати. Приближно кај околу 70% од пациентите кои вршат ласерски третман доаѓа до стабилизација на видот, додека кај 15% од случаите, можи да дојди дури и до подобрување на видот.

Фотографија 3: претставување на ласерските удари

Постојат два начини на вршење на LFK. Една е фокална LFK додека другата пан LFK. Нормално, се препорачува пред LFK, посебно кај фокалната, да се изврши преглед и флуоресцентна ангиографија – FAG (фотографија 4). Во текот на FAG се дава контраст во вена, а потоа преку специјална камера се фотографира ретината и се визуелизираат ретиналните крвни садови. Во областите каде што постојат оштетувања на крвните садови и истекување на контрастот, потоа се врши фокална LFK.

Фотографија 4: Визуализација на ретиналните крвни садови во текот на FAG

Покрај LFK, лечењето на дијабетската ретинопатија се прави и со помош на вбризгување на различни супстанции во стаклестото тело. Постојат неколку видови на супстанции кои можат да се инјектираат, како што се кортикостероидите, анти-VEGF супстанции итн Во последниве години, лечењето на дијабетската ретинопатија доживеа права револуција со воведувањето на анти-VEGF супстанциите (како Avastin®, Lucentis, итн), кои се покажаа како многу ефикасни во отстранување на неоваскуларизациите.
Друг метод за лекување на дијабетските компликации е хируршкиот третман, односно PPV. Во случаевите со крварење во стаклестото тело, развој на пролиферативни мембрани или тракциони аблации на ретината, тогаш треба да се интервенира хируршки. Сепак, третманот е многу поуспешен ако пациентот претходно има направено третмани со LFK и интравитреални инјекции. Во спротивно, резултатите од интервенцијата се често пати ограничени.
Конечно, вреди да се напомене дека е потребна вистинска соработка помеѓу матичниот лекар, ендокринологот и офталмологот, на начин да пациентот се информира и да се упати на што поефикасен третман и на време, со цел да се спречат можните компликации од дијабетес.

Др. Валбон Ајазај мр. Сци. Офталмолог
Објавено во Telegrafi и Gazeta Standard

Дијабетесот и окото