За добар вид, оптичкиот систем на окото ги прекршува светлосните зраци, така што тие се фокусираат на мрежницата, поточно во фовеата (макулата) – централниот дел на мрежницата со највисока резолуција и популарно познат по терминот “очна светлина”. Доколку светлосните зраци не можат да се фокусираат на мрежницата, тогаш имаме појава на состојби на окото, кои се групирани под терминот на рефрактивни нарушувања или аномалии (миопија, хиперметропија и астигматизам).

normalnooko