Астигматизмот е рефрактивна аномалија заради која искривувањето на сликата настанува како за објектите кои се далеку така и за оние кои се во близина.

astigmatizam

Астигматизмот е вообичаена состојба која се појавува кога курватурата на рожницата е несиметрична. Нормалната рожница има сферична форма, слична на леќата на фотографски апарат. Хоризонталните или вертикалните линии ќе се прекршуваат за да створат добро фокусирана слика на мрежницата. Светлосен извор во форма на точка како и улично светло, ќе створи слика во форма на точка на мрежницата. Меѓутоа, ако курватурата на рожницата е елиптична, светлосните зраци ќе се фокусираат на разни точки творејќи  искривена слика на мрежницата. За горенаведениот пример, светлото од уличната светилка нема да створи слика на светла точка туку мала линија.

Астигматизмот настанува често пропратен од миопија или хиперметропија.

Денес постојат низа методи за корекција на астигматизмот:

  • Употреба на очила или контактни леќи
  • Ласерска хирургија
  • Имплантациона хирургија (со интраокуларни леќи)
  • Комбинација на ласерска операција со имплантациона (bioptics)