За хиперметропното око, објектите кои се наоѓаат во близина се надвор од фокусот.

Рефрактивната моќ на рожницата е премногу намалена или окото е многу кратко. За лицата со хиперметропија, светлосните зраци од блиските објекти се фокусираат зад ретината, творејќи нејасна слика на рожницата.

За разлика од кратковидното око, хиперметропното око може делумно да се компензира од природните леќата на окото (кристалинот), но тоа е можно само до одреден степен односно одредена возраст. Леќата има способност да ја менува својата форма заради зголемување на рефрактивната моќ на окото, неутрализирајќи ја намалената рефрактивна моќ за гледање на далечина.

Заради тоа што, способноста на кристалинот за менување на формата опаѓа со возраста, едно лице со хиперметропија порано ќе ја осети потребата за очила за читање од некое лице со нормален вид (без хиперметропија). Од истата причина, на овие луѓе можеби ќе им треба подоцна во животот и корекција за гледање на далечина.

Денес постојат низа методи за корекција на хиперметропијата:

  • Употреба на очила или контактни леќи
  • Ласерска хирургија
  • Имплантациона хирургија (со интраокуларни леќи)
  • Комбинација на ласерска операција со имплантациона (bioptics)
  • Моновизија