Crystalens HD – произведено од Bausch and Lomb

ШТО Е CRYSTALENS?

Прва и единствена акомодирачка интраокуларна леќа одобрена од FDA. Единствена леќа која ја користи природната фокусирачка способност на окото – единствена леќа која обезбедува една единствена фокална точка при континуирано поместување на погледот од далеку кон блиску.

Интраокуларната акомодирачка леќа Crystalens е дизајниран на таков начин што му овозможува на оптичкиот дел на леќата, односно делот на леќата преку кој гледате, да се движи напред и назад додека го менувате фокусот на сликите околу вас.

Како функционира интраокуларната акомодирачка леќа CRYSTALENS?

Видот на поголемиот дел од луѓето останува стабилен до крајот на 40-тите години. Во ова време, леќата од природниот кристалин на окото почнува постепено да се зголемува и да се стврднува. Ова е проследено со евентуално формирање на катаракта (очно перде). Со текот на времето, на очните мускули му станува се потешко автоматски да ја фокусираат леќата на кристалинот на луѓето и предметите кои се наоѓаат во нивна близина. Ова е познато под името губење на способноста за акомодација или како пресбиопија а најран симптом е потешкотијата да се видат предметите кои се во близина.

Crystalens е првата интраокуларна леќа за катаракта која овозможува и акомодација. Како? Сите други интраокуларни леќи се фиксирани и неподвижни во окото. Нивниот модел не дозволува да се акомодираат или да се движат за да фокусираат. Crystalens е уникатен, бидејќи во суштина, таа располага со способност да се акомодира и постојано и без напор ве поврзува со се во текот на денот, без оглед на далечината.

Crystalens функционира сосема различно од Restore и ReZoom. Crystalens се движи и витка во окото овозможувајќи промена на силата или поинаку наречено акомодација. Ова леќа обезбедува јасен поглед во далечина средни растојанија, но блиските предмети можат да бидат малку надвор од фокусот. Предноста на ова леќа е помалото ниво на отсјај („glare”) во текот на ноќта како и појасен и контраст. Но сепак, повеќето пациенти ќе имаат потреба од очила за читање или пишување или пак предметите се многу блиску.

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Прашање: Што е Crystalens?

Одговор: Crystalens користи нова технологија, која е дизајнирана да ја имитира природната способност на окото да се фокусира на предмети по долги, средни и блиски растојанија. Употребена во комбинација со стандардните методи за отстранување на катарактата, Crystalens е дизајнирана да обезбеди постепена транзиција на видот од долги растојанија до средни и потоа на растојание за читање без целосна зависност од очила или контактни леќи.

Прашање: Што го прави Crystalens различен од другите интраокуларни леќи?

Одговор: Crystalens има уникатна способност да се фокусира на објекти на различни растојанија со користење на природниот систем за фокусирање на окото. Ова значи дека Crystalens може да обезбеди континуиран опсег на визија без корективни леќи, од блиску до далеку и секој објект во средината далечина.

Стандардните леќи (вид на едно растојание) немаат способност да обезбедат еден целосен спектар на видот, на сите растојанија. Повеќето луѓе кои имаат леќа за вид на едно растојание ТРЕБА да употребуваат очила за други растојанија (средината и во близина). Во една 2-годишна студија, која го поткрепи одобрението за Crystalens од страна на FDA покажа дека значително повеќе пациенти со Crystalens (88%) можеа да гледаат подобро на сите растојанија во споредба со пациентите со стандардни леќи (36%).

Прашање: Дали можи да ми се поправи видот на 20/20, како за читање така и за далеку?

Одговор: Crystalens е проектирана за фокусирање на Вашите очи на сите растојанија, после хируршката интервенција кај катарактата. Иако сите ќе остварат видлива корекција на видот после хируршката интервенција (без очила), некои луѓе не ќе можат да гледаат 20/20 на сите растојанија.

Интересно е да се спомене дека голем број луѓе кој не биле хируршки третирани, не се во состојба да гледаат 20/20 како во близина така и на далечина дури ни со очила или контактни леќи.

Ова е последица на низа очни и физиолошки проблеми како и стилот на живеење, иако голем дел од овие луѓе нормално функционираат сепак нивниот вид е редуциран.

2- годишната клиничка студија која го поткрепи одобрувањето на Crystalens од страна на FDA покажа дека 92% од луѓето опфатени во студијата (имплантација на двете очи) можеа да гледаат 20/25 или подобро на далечина, 96% можеа да гледаат 20/20 на далечина на испружена рака и 73 % можеа да гледаат 20/25 блиску без очила или контактни леќи.

Она што е уште поинтересно е дека 98% од овие луѓе можеа да го поминат тестот за возачи, 100% можеа да го видат компјутерот и училишната табла, да ги прочитаат цените во супермаркетот или да постават шминка на лицето и 98% можеа да го прочитаат телефонскиот именик или весник, сето ова без очила или контактни леќи. Важно е да се запамети дека острината на видот е субјективна и зависи од индивидуалната и физиолошка состојба на очите и на секое лице посебно а исто така и од стилот на живеење. Некои пациенти со Crystalens бараат да употребуваат очила за некои посебни активности.

Прашање: А за мојот вид на средни растојанија, како што е работењето на компјутер. Дали ќе биди исто како и видот кој го обезбедуваат трифокалните очила?

Одговор: Вашата способност за гледање на растојанија во должина на испружена рака (средни растојанија) ќе се зголеми видливо со Crystalens. Над 96% од луѓето опфатени во клиничката студија беа во состојба да гледаат 2/20 на растојание на испружена рака без корекција со очила.

Освен ова, квалитетот на видот споредено со употребата на трифокални стакла, видливо се подобрува. Вие ќе имате целосен спектар на видот, без потреба да ја вртите главата на оној дел од очилата кој ви обезбедува појасен вид. Едноставно, ќе погледате нешто додека Crystalens ќе го фокусира видот во близина, на растојание на испружена рака или на далеку. Crystalens ја имитира природната фокусирачка способност на Вашето око.

Прашање: дали ќе бидам во способност да читам на сите нивоа на осветленост?

Одговор: Crystalens функционира многу слично на човечката природна леќа. Важно е да запаметите дека читањето при слаба осветленост е под влијание на целокупното здравје на окото и состојбата на светлосните сензори во мрежницата. Со текот на годините, нашата способност за да ја видите во услови на слаба осветленост може да почне да се намалува. Секогаш е подобро да се читаат во добри услови на осветлување.

Прашање: како можам да знам дали сум јас добар кандидат за имплантација на Crystalens?

Одговор: Вашиот лекар ќе нарави детален преглед и ќе ве посоветува за детален план на третман кој ви одговара со цел, корекција на видот.

Во основа, секој човек со добра општа состојба е можен кандидат за имплантација меѓутоа кај луѓето со хронични инфекции, неконтролиран дијабетес или други здравствени проблеми можи да е потребно да се почека до моментот кога овие состојби ќе бидат ставени под контрола па дури потоа да се изврши хируршката интервенција.

Луѓето кои претходно биле подложени на рефрактивна корнеална хирургија се во принцип прифатливи кандидати за имплантација на Crystalens се додека нивното око покажува добра здравствена состојба. Комуницирајте со Вашиот лекар.

Ако претходно сте биле хируршки третирани за катаракта, не сте прифатлив кандидат за процедурата на Crystalens.

Прашање: Дали треба да имплантирам Crystalens во двете очи? 

Одговор: Типично е за катарактата да се развива на двете очи. Ако само едното око има катаракта тогаш е потребно само едно имплантирање. Ако двете очи имаат катаракта и видот на едното око е послаб, хирургот ќе го одбере почетно тоа око за трансплантација на леќата. Ако двете очи го имаат истиот степен на катаракта тогаш хирургот првенствено го избира „не доминантното“ око.

Вашиот лекар ќе разгледа низ на фактори пред да одлучи на кое око првично да ја имплантира леќата, и ако е потребно и за другото око, кога ќе изврши имплантација на тоа око.

Прашање: Колку ќе трае процедурата на операција? Дали ќе осетам нешто?

Одговор: Процедурата со Crystalens обично се врши во дневна хируршка клиника (без потреба пациентот да лежи). Треба  да пристигнете во хируршкиот центар, околу еден час пред процедурата. Во Вашето око ќе се стават некои лекови во капки а можат да ви се дадат и други медикаменти за смирување. Капките во очите го анестезираат окото и ја шират зеницата (Pupilla).

Кога ќе пристигнете во салата за операција, ќе легнете на удобен кревет, микроскопот ќе биде позициониран над окото и ќе бидете упатени да гледате кон светлото на микроскопот.

Обично, операцијата трае помалку од 20 минути. Хирургот ќе го стабилизира окото со уред кој ќе го задржува очниот капак отворени. Нема да почувствувате болка, само благ притисок на окото. Се што треба да направите е да се опуштите и да останете неподвижни.

Кога операцијата е завршена, други капки ќе се стават на окото за да се спречи инфекција, намалување на воспалението и да се задржи зеницата проширена. Окото може да се затвори со заштитна газа, а потоа ќе треба некој да ве одвези назад дома. Откако ќе пристигнете дома, треба да се одморате за остатокот од денот. Треба да избегнувате било каква напорна активност. Вашиот лекар ќе Ве прегледа ден после операцијата за да ја отстрани заштитната газа и да го прегледа окото. Окото не треба да се трие.

Прашање: кои се шансите нешто на појди наопаку при операцијата? Какви проблеми можат да настанат?

Одговор: современиот третман на катарактата е отстранување на природната леќа и замена со имплантирачка леќа. Crystalens претставува “последна новина” на модели на имплантирачки леќи и е резултат на искуството во еволуцијата на повеќе од 50 години во третманот на катаракта.

Медицинска постапка за имплантирање на Crystalens е истата операција на катаракта докажана како безбедна, која се прави на над 7 милиони очи годишно, низ целиот свет. Во текот на изминатите 25 години беа спроведени повеќе од 40 милиони такви процедури. Но, бидејќи тоа е операција, тоа не можи да биди целосно без ризик.

Компликациите на операцијата на катаракта се различни, од лесни, обично привремени несакани ефекти, до компликации кои претставуваат сериозна закана за видот. За среќа, компликациите кои значително го загрозуваат видот се ретки вклучуваат инфекција, крвавење и ретинална аблација (одлепување на мрежницата), но не се ограничени на овие. Овие и други компликации можат да настанат како резултат на отстранување на катаракта, без разлика дали ќе се имплантира или не една интраокуларна леќа, и може да резултира со слаб вид, вкупно губење на видот или губење на окото. Можен ризик може да биде и дислокација (преместувањето) на леќата и потребата од дополнителни хируршки интервенции, како што е отстранување или репозиционирање на леќата. Покрај овие, луѓето со постојните здравствени проблеми, како што се дијабетес, висок крвен притисок, хронични воспалителни состојби и хронични инфекции се изложени на поголем ризик од појава на компликации. Современите податоци покажуваат дека 98% од пациентите немаат компликации по операцијата на катаракта, а повеќе од 95% од нив имаат подобрен вид.

Вашиот лекар ќе направи детален преглед и ќе ви ги даде сите потребни информации за зголемениот ризик за било каква компликација.

Прашање: Каков ќе биди мојот вид после хируршката интервенција?

Одговор: Вашиот вид во далечина, по правило ќе биде многу подобрен во првите ден или два после операцијата. Секако, видот во близина и средни далечини можи да е почетно замаглен.

Можно е да имате потреба од очила за читање како помош во текот на овој период.

После околу две недели, ќе забележите дека видот за средни растојанија (должина на испружена рака) ви се подобрува а и видот во близина ќе почни да биди подобар отколку на почетокот. Во овој момент е важно да престанете да ги употребувате очилата за читање и на тој начин ќе го зајакнете фокусирачкиот мускул на окото.

Можно е да бидат потребни неколку месеци за очите да го достигнат својот полн потенцијал за фокусирање. Колку повеќе се обидувате да читате без очила за читање, толку побрзо ќе бидете во можност да читате и без нив. Може да забележите разлика во видот меѓу двете очи откако окото ќе се излекува. Тоа е нормално. Ако разликата во видот биди значителна, докторот може да препорача дополнителни корнеална рефрактивна хирургија. Ова обично се изведува за да се поправи астигматизмот после операцијата со имплант.

Фокусирачката способност на секого е различна. Поголемиот дел од луѓето ќе бидат во можност да видат јасно во далечината, имаат одличен вид во средна далечина и ќе бидат во можност да читаат весник без очила, но некои луѓе можат да се осетат поудобно со дополнителна корекција особено ноќе или при слабо светло.

Важно е да се запамети дека операцијата со имплантирање не можи да ги реши претходните проблеми со видот како што се подвижните замаглувања (“floaters”), искри (” flashes “) или загуба на видното поле, состојби кои се резултат на други проблеми на окото и не се поврзани со леќата.

За некои луѓе, за да имаат оптимална острина на видот, можно е да имаа потреба за употреба на очила за далечина и / или близина. Разликата од стандардните леќи е во тоа што, за да функционираат нормално овие луѓе нема да имаат потреба од овие помошни средства за подобрување на видот (очила).

Прашање: Што може да се направи понатаму ако моите импланти не обезбедуваат доволно фокусирачка сила?

Одговор: Постојат различни причини зошто моќта на Вашиот имплант може да биде недоволна за да ви обезбеди добар вид на широкиот спектар на растојанија, на пример, LASIK, RK но не само тие. Во овие случаеви, Вашиот лекар е тој што ќе го одреди најдобриот план на третман, кои може да вклучи и дополнителни хируршки интервенции, како што се отстранување и замена на имплантот Crystalens.

Прашање: А во врска со зголемениот отсјај („glare”), проблемите при возење во текот на ноќта и чувствителноста на светлина? Можи ли да се случи, хирургијата со имплант да предизвика такви проблеми?

Одговор: Мала е веројатноста, овие симптоми, да настанат со Crystalens во споредба со било која друга леќа за корекција на пресбиопија. Овие симптоми можат да настанат или да видат поттикнати од операцијата на катаракта. Многу луѓе кажуваат за овие проблеми пред операцијата на катаракта и секако, по операцијата, сепак, овие се ретко проблематични.

Често пати, чувствителноста на светло е само еден привремен симптом. Оптичкиот материјал на Crystalens е толку чист што на некои луѓе им треба многу време за да се навикнат на светлите бои и интензивната светлост, особено ноќе.

Како и со било која друга интраокуларна леќа, зголемениот отсјај („glare”) може да биде проблем во текот на ноќта, кога зеницата се проширува, и понекогаш светлината може да се рефлектира од работ на имплантот и да се создаде искричава светлина или ” haloe ” („ореол“) на светлина. Типично е дека ова не се случува во централното видно поле, туку во периферијата. Луѓето кои во минатото носеле контактни леќи можно е да биле запознаени со овој феномен.

Повторно, отсјајот на светлото ретко можи да стани проблематичен а доколку ве вознемирува, постојат низа на мерки кои Вашиот лекар можи да ги преземи за да го подобри Вашиот вид ноќе, вклучувајќи лекови или очила за ноќно возење.

Прашање: Кога ќе бидам во можност да се вратам на нормалните активности по рефрактивната имплантација Crystalens?

Одговор: Како по правило, ќе бидете во можност да се вратите на нормалните активности во рок од неколку дена по имплантацијата, со некои ограничувања. Окото може да биде осетливо на допир и силно светло, но треба да бидете во можност повторно да возите и да се вратите на работа по 2-3 дена.

Вашиот лекар ќе ви издаде лекови за да се спречи инфекцијата и намалување на воспалението, и исто така може да обезбеди заштитна покривка за окото во текот на спиењето. Пар пластични очила за сонце, ќе ја намалат чувствителноста на светлина и ќе обезбедат заштита во текот на денот

Важно e, неколку дена по операцијата, да избегнувате подигање на тешки предмети или поголем напор што ќе го зголеми притисокот во окото. Треба да избегнувате триење или притисок врз окото. Треба да се воздржите од активностите кои ќе ги зголеми шансите за удари окото. Користете очила за сонце кога сте на отворено.

Можите да се туширате или миете косата доколку избегнувате влегување на сапун или шампон во окото. Избегнувајте шминка (“make-up”), неколку недели по имплантацијата. За неколку недели треба избегнувате базени, сауни и други извори на бактериска контаминација.

Консултирајте се со Вашиот лекар за препораки во врска со конкретни активности.

Прашање: Колку често треба да се проверуваат очите на лекар по операцијата?

Одговор: Вашиот лекар ќе Ве посоветува за зачестеноста на контролите кои се потребни за окото. Како по правило, лекарот ќе ве прегледа еден ден по операцијата, а потоа повторно по 2-4 недели и 3-6 недели по операцијата. Потоа, годишен преглед е вообичаено доволен ако немате било какви специфични проблеми.

Прашање: Дали можам да одам кај било кој окулист на контрола после операцијата?

Одговор: Вашиот хирург и / или неговиот персонал ќе сака да ве прегледа веднаш по операцијата за да се осигура дека процесот на заздравување на окото се одвива нормално. Ова ја вклучува и првата визита на ден по операцијата и обично следната визита. Потоа, лекарот може да ви дозволи текот на заздравувањето да го следи друг квалификуван лекар.

Треба да го информирате Вашиот хирург, ако би сакале да бидете контролирани од друг лекар по операцијата, така што тој ќе се консултира со тој лекар за да обезбеди високо ниво на заштита. Треба да го контактирате Вашиот хирург веднаш, ако имате било каков проблем или прашање за Вашите очи по операцијата.

П: Дали ќе ми треба да се изврши повторно операција на катаракта?

Одговор: Од моментот кога Вашата катаракта е отстранета и заменета со имплантирани леќи, никогаш повеќе нема да биде потребно да бидете продложени на операција на катаракта. Понекогаш, неколку месеци по поставување на леќата во окото, видот можи повторно да се заматува. Ова понекогаш се нарекува секундарна катаракта и се однесува на заматување на мембраната која го опкружува имплантот.

Оваа мембрана (капсуларна кеса) некогаш ја опкружувала природната леќа. Кога катарактата е отстранета, ова мембрана се остава и во нејзината внатрешност се ставаат вештачките леќи. Мембраната заздравува околу вештачката леќа, обезбедувајќи ја на тој начин нејзината стабилност. За жал, понекогаш, истите причини кои ја предизвикале оригиналната катаракта предизвикуваат размножување на клетките на мембраната по имплантот. Овие клетки ќе го блокираат видот и треба да се отстранат.

Во тој случај, се користи ласер за да се создаде еден отвор во мембраната по имплантот, подобрувајќи го видот веднаш. Ова безболна процедура, се врши без потреба од анестезија и се потребни само неколку минути. Кога ова ќе се направи, ќе нема повеќе потреба за уште една операција која би имала врска со Вашата катаракта.

Прашање: Имам суви очи. Дали ќе ми помогне имплантацијата на леќа за овој проблем или и по операцијата ќе треба да користам вештачки солзи?

Како по правило, хирургијата со имплантација ќе има многу мало влијание на хронично сувите очи. Ваквата состојба се должи на различни медицински внатрешни и надворешни состојби а понекогаш е поврзана и со возраста. Треба да се консултирате со Вашиот лекар за терапијата која Ви одговара, за причината степенот на Вашата состојба како и во согласност со начинот на живот што го водите.

Прашање: дали ќе функционира и натаму скенирањето на окото за безбедносни причини по имплантирањето Crystalens?

Одговор: Скенирањето заради безбедносни причини нема да биде засегнато по имплантацијата на Crystalens. Ова скенирање обично има врска со запознавањето на структурата на ирисот или мрежницата. Имплантот не влијае на скенирањето на ирисот и нема да влијае врз визуализацијата на ретината преку зеница во нормална големина.

Прашање: Како можам да знам кој лекар е квалификуван хирург за имплантација на Crystalens?

Одговор: Сите хирурзи кои имплантираат Crystalens поминале низ активна обука на курсот за вреднување во врска со тоа. Како по правило, овие хирурзи вршеле операции на катаракта низ години а голем број на чекорите во постапката за имплантирање на Crystalens се исти на чекорите на операција на катаракта.

Прашање: Колку време ќе функционира Crystalens?

Одговор: Crystalens е имплантиран кај повеќе од 45.000 пациенти и има голем успех. Од одобрување од страна на ФДА во 2003 година, продолжува прибирање на податоци кои покажуваат одлични резултати за водот, постојат малку извештаи за компликации, вклучувајќи прекумерен отсјај („glare”) и „halo“ (ореол – визуализација на круговите на виножитото околу светлата).