Глаукомот е очна болест (оптичка невропатија), кај која оптичкиот нерв трпи иреверзибилно оштетување. Доколку не се третира, оваа болест можи тешко да го поремети видот па дури да доведе до слепило кое потоа не можи да се коригира.

Вообичаено е проследено со зголемување на очниот притисок, иако постои еден вид на глауком со нормален очен притисок.

Доколку очниот притисок е со малку зголемени вредности но не е евидентирано оштетување на очниот нерв, тогаш се работи само за зголемен очен притисок.

Постојат повеќе видови на глаукома меѓутоа во главни црти можи да се направи поделба на две главни групи:

  • Примарен глауком со затворен агол
  • Примарен глауком со отворен агол

Примарен глауком со затворен агол – аголот помеѓу рожницата и ирисот (агол од кој очната течност од внатрешноста на окото истекува надвор) се појавува како тесен или затворен. Во овој случај, течноста која ја произведува окото не успева да истече надвор па затоа очниот притисок расте. Овој вид на глауком можи да се појави со лесни болки па се до многу јаки очни болки и главоболки, многу високи вредности на очниот притисок, брзо оштетување на оптичкиот нерв.

Примарен глауком со отворен агол – поинаку наречен и „тивок крадец на видот“ затоа што губењето на видот настанува постепено, започнувајќи од периферните делови на видното поле. Пациентот не осеќа болки или други вознемирувања, што придонесува пациентот да стане свестен за оштетувањето на видот само во напреднатата фаза на болеста.

Како можи да се спречи оштетувањето на очниот нерв од глаукома?

  • Раната  дијагностика е клучот на успехот во спречувањето на оштетувања на очниот нерв од глауком
  • После дијагностицирањето, пациентот треба внимателно да ги следи советите од докторот со цел на спречување на натамошниот развој на болеста.

Како можи да се оствари рана дијагностика?

  • Секој треба, најмалку еднаш годишно, да се прегледа на очен доктор.
  • Секој треба да се јави веднаш на лекар доколку забележи вознемирување на очите како на пример намалување / ограничување на видот, црвенило или болка во очите, главоболки и др.
  • За лицата кои имаат некој близок кој пати од глауком се препорачува специфична контрола на глауком секои 2 години на возраст од 40 до 50 години и еднаш годишно на возраст над 50 години.

Посебно треба да се внимава кај децата, доколку се забележи  дека новороденчето или детето има очи со разна големина или двете очи се поголеми од што би било нормално, или очното стакло не е транспарентно (зеницата на окото не се гледа јасно), доколку забележи те дека детето не поднесува светло или има зголемено солзење тогаш треба неодложно да се побара помош од очниот лекар како би се отстранила можноста на присуство на вроден (конгенитален) глауком.

Какви испитувања треба да се извршат кога кај некое лице постои сомнеж за присуство на глауком?

  • Мерење на очниот притисок
  • Пакиметрија (мерење на дебелината на рожницата)
  • Гониоскопија (испитување на аголот на окото)
  • Фундоскопија со биомикроскоп (испитување на очниот нерв и мрежницата)
  • Периметрија (испитување на видното поле)
  • ОЦТ (проверка и мерење на дебелината на нервните влакна кои го оформуваат очниот нерв)

Што е цел на специфичните испитувања на глауком?

  • Првенствено, доколку овие испитувања дадат соодветна информација за очниот притисок, состојбата и функцијата на очниот нерв или предиспозиционите фактори за развој на глаукомот во иднина
  • Второ, специфичните мерења служат како референтни вредности за лекарот во иднина да можи да процени дали настанала некаква промена или слабеење на функцијата на окото споредено со поранешната состојба.

Кои се современите методи за лечење на глаукомот?

  • Медикаментозно лечење
  • Ласерска интервенција (видот на интервенција со ласер зависи од видот на глауком)
  • Хируршки третман (Каналопластика, длабока склеректомија, трабекулектомија и др.)