Леќите Artisan и Artiflex – Произведени од страна на OPHTEC

  • Зошто да се земат во предвид леќите Artisan или Artiflex?
  • Како функционира постапката за имплантација?
  • Што е разликата помеѓу Artisan и Artiflex леќите?
  • Дали претставува можност за мене леќата Artisan или Artiflex за мојата цилиндрична девијација?

Кои се Artiflex и Artisan леќи?

Леќите Artisan и Artiflex се мали контактни леќи, крајно тенки и се имплантираат во внатрешноста на окото за корекција на
кратковидост, далековидост и / или астигматизам. Леќите Artisan и Artiflex се фиксираат на зеницата со две мали закачалки. По имплантацијата, леќата останува во окото.

Леќите Artisan и Artiflex би можеле многу добро да бидат совршено решение, ако ви досадиле (лично или професионално) очилата или контактните леќи.

Зошто да се земат во предвид леќите Artisan или Artiflex?

  • Третманот е реверзибилен

Во случај на компликација, вештачката леќа можи да се отстрани, оставајќи го окото во претходната состојба. (Во текот на третманот со ласер, трајно се отстранува еден тенок слој на рожницата).

  • Одлична визуелна острина

Со леќите Artisan и Artiflex, одличната визуелна острина е стандарден резултат во повеќето случаи, додека централната рожница останува недопрена. (Во текот на ласерскиот третмани, се третира централниот дел на рожницата).

  • Сигурност и ефикасност

Нема потреба да се објасни важноста на видот: ние тврдиме дека третманот е безбеден. Леќите Artisan се имплантираат повеќе од 25 години. Обемните

истражувања покажаа дека оваа леќа е безбедна и ефикасна, дури и кај пациенти третирани пред многу, многу години.

  • Можи да се третираат и големи девијации

Леќите Artisan и Artiflex стојат на располагање, дури и ако имате големи девијации од плус или минус (12 до -23,5 диоптрија) со или без цилиндар. Ласерската постапка е соодветна само ако девијацијата не е премногу висока.

Леќите Artisan и Artiflex често се гледаат како решение за проширување на спектарот на диоптрии кои се третираат со ласер. Ова не е сосема точно. Кога пациентите се погодни и за двата третмани, многу од нив имаат за цел да ги изберат малите леќи врз основа на наведените бенефиции.

Како се врши техниката на имплантација?

За време на краток третман под локална анестезија, леќите Artisan или Artiflex се имплантираат преку мал засек на работ на рожницата.

Леќата стои на еден оптички и хаптички дел. Оптичкиот дел ја содржи потребната корекција за Вас, ова е делот на леќата, кој Ви овозможува да гледате подобро. Хаптичкиот дел се состои од две закачалки на секоја страна на леќата. Овие закачалки, со помош на мал специјален инструмент, се закачуваат на ткивото на зеницата. Кога леќата е сигурно поставена на својата позиција, главниот дел од постапката е завршена.

По имплантација на леќите Artisan, малиот рез на рожницата се шие, додека кај имплантацијата на леќа Artiflex, резот на рожницата е помал и нема потреба за шиење.

Кои се разликите помеѓу леќите Artisan и Artiflex?

Овие леќи се состојат од различни материјали. Оптичкиот дел на леќата Artiflex се состои од силикон, еластичен материјал. Леќата Artisan се состои од ПММА, нееластична пластика. Својствата на Artiflex леќата овозможуваат нејзино прекршување во моментот на вметнување, овозможувајќи вметнување преку мал засек од 3,2 мм. Овој засек се опоравува побрзо одошто поголемиот кој е потребен за Artisan леќите (5 или 6 мм). Како резултат на тоа, оптималниот вид се постигнува побрзо со Artiflex леќа. Која леќа е посоодветна за вас зависи од специфичната состојба на окото.

Дали леќите Artiflex или Artisan би биле решение за мојот астигматизам?

Во 2009 година беше претставена торичната леќа Artiflex toric. Оваа леќа е дизајнирана специјално за цилиндричните девијации со или без миопија. Значи, во повеќето случаи, е можно тие отстапувања да се решат со помош на оваа леќа.

Леќата Artisan била измислена од страна на германскиот професор д-р Jan Worst. Тој ја добил идејата за фиксирање на леќата во зеницата кога тој беше во Пакистан. Со ова едноставна но ефективна техника, тој успеал да му го поврати видот на сиромашните луѓе, по операцијата на катаракта.

Интраокуларна леќа VerisyseTM Phakic за екстремна миопија – произведена од страна на Abbott Medical Optics Inc. (AMO)

Интраокуларната леќа VerisyseTM се користи за лекување на средна и тешка миопија, медицински термин за кратковидоста. Употребувана повеќе од 18 години, во 150.000 постапки изведени во светот, резултатите покажуваат дека VerisyseTM моделот е безбеден и ефикасен за луѓе со тешка кратковидост кои се уморни од дебели очила и не се кандидати за Custom LASIK.

Како функционира VerisyseTM?

Постапката вклучува поставување на интраокуларната леќа VerisyseTM Phakic зад Вашата рожница, врз зеницата. Ова му дава на Вашите очи дополнителна фокусирачка леќа која обезбедува вид со висок квалитет, поголема јасност, исто како едно нормалното око. Иако целта е леќата VerisyseTM да биде постојана, новата постапка е реверзибилна ако се посака.

Зборот ” Phakic” значи дека Вашата природна леќа (кристалинот) останува во окото. Ова е важно бидејќи Вашата природна леќа игра важна улога во помагањето на окото да се прилагоди помеѓу гледањето на објекти на далечина и во близина.

За постапката на VerisyseTM

Поставување на една интраокуларна леќа VerisyseTM Phakic е дневна процедура која трае околу 15-30 минути. Обично, очите се третираат одделно.

  • Во окото се ставаат капки, со цел да се намали големината на зеницата (pupilla).
  • За да работи полесно на Вашето око, лекарот ќе употреби еден инструмент за да ги задржи очните капаци отворено во текот на целата постапката.
  • Ќе се капни еден локален анестетик анестезија на окото, со што постапката станува безболна.
  • На рожницата се прави еден мал рез за да вметне леќата VerisyseTM во просторот помеѓу ирисот и рожницата.
  • Интраокуларната леќа VerisyseTM Phakic се центрира помеѓу зеницата (црниот дел во центарот на окото) и ирисот (обоениот дел на окото) за да се фиксира леќата за да не се движи.
  • Малиот рез се затвора со микроскопски шав додека конците се разградуваат со текот на времето.
  • Врз окото се поставува привремена заштита за да се заштити окото за време на раниот постоперативен период.

Најчесто поставувани прашања во врска со леќата VerisyseTM Phakic

Дали ќе го приметам присуството на леќата VerisyseTM во окото?

Кога ова леќа ќе се постави во внатрешноста на окото, таа станува визуелно неприметна. Сепак, Вие а и другите можат да ја видат леќата во окото, ако се гледа од непосредна близина. Поради тоа што VerisyseTM леќите се поставуваат во внатрешноста на окото, нема да бидите во можност да ја почуствувате.

Дали е сигурна VerisyseTM?

Да. Интраокуларната леќа VerisyseTM Phakic се состои од полиметил метакрилат (ПММА) – еден веќе докажан високо биокомпатибилен материјал, во широка употреба во и на окото, повеќе од 50 години.

Дали можам да гледам добро во близина и далечина со леќата VerisyseTM Phakic?

Повеќето луѓе кои имаат направено VerisyseTM постапка гледаат добро во близина и на растојание заради тоа што природната леќа на окото останува на своето место. Оваа природна леќа (кристалинот) природно одговара да се фокусира на објекти во близина и далечина. Со возраста, природна функција на овој објектив може да се намали и можеби ќе треба очила за читање за да видите поблиски предмети.

Може ли да одам на пливање, ако имам во окото леќа VerisyseTM?

Вие можите да пливате и да учествувате во било која друга активност, бидејќи за разлика контактните леќи, ова леќа се имплантира во внатрешноста на окото. Според тоа, не е под влијание на надворешни фактори како што е водата.

Дали влијаат на интраокуларната леќа VerisyseTM Phakic фактори како дожд или пареа?

На леќите VerisyseTM не влијаат надворешни фактори како што е пареата или дождот, затоа што е поставена зад рожницата, во внатрешноста на Вашето око.

Колку долго останува во окото интраокуларната леќа VerisyseTM Phakic?

Клиничките вреднувања докажале дека PMMA можи да остани во окото со децении без да ги промени своите карактеристики односно без да ја изгуби стабилноста. Секако, процедурата е потполно реверзибилна. Доколку во иднина Вашиот хирург оцени дека постои некоја подобра постапка, леќата VerisyseTM можи да се отстрани хируршки во секоја момент. Само Вашиот лекар можи да процени дали треба да се преземи овој чекор.