Што е „очно перде“

Очното перде е заматување на очната леќа што придонесува до намалување на нејзината проѕирност, секојдневно намалувајќи ја на овој начин способноста на видот. Ќе забележи те е дека гледате како низ тенка завеса (перде) која секојдневно станува се подебела. Леќата ја има истата функција како и леќата на фотографскиот апарат. Служи, правилно да ги преломи светлосните зраци истите да се фокусираат на мрежницата а сликата која ја гледаме да биди јасна. Меѓутоа, заматувањето на леќата придонесува, да се промени патот на светлосните зраци. Луѓето погодени од катаракта, во покасните стадиуми можат да разликуваат само светло.

Карактеристики на катарактата

  • Зголемена осетливост на јако светло
  • Намалување на контрастот
  • Дефект во препознавањето на боите
  • Намалување на јаснотијата на видот

Погрешни претпоставки

Не е вистина дека:

  • Катарактата е инфективна болест
  • Кај катарактата, врз окото се развива и расте една „кожичка“
  • Очното перде се развива заради зголемено напрегање на очите
  • Очното перде можи да се коригира со помош на нови очила

Причинители за појавата на болеста очно перде

Причините за појавата на очното перде можат да бидат различни. Најчестата причина е условена од возраста и се поврзува со промените на метаболизмот на леќата.

Заради тоа, кога се зборува за очното перде вообичаено се работи за перде условено од возраста. Вообичаено се погодени лицата на возраст поголема од 55 – 60 години.

Други причинители

  • Вродени или наследени аномалии
  • Компликација на болеста дијабетес (шеќерна болест)
  • Тешки инфекции на внатрешноста на окото
  • Преметување на метаболизмот

Повреди на очите со тапи или остри предмети (трауматска катаракта)