Кератопластиката е една хируршка процедура, во текот на која оштетената или болна рожница се менува со корнеално ткиво донирано од друго лице.keratoplastika

Рожницата (очното стакло) е предниот транспарентен дел на окото, низ кој светлината поминува во внатрешноста, овозможувајќи
стварање на сликата на мрежницата и нејзината перцепција во мозокот. Ако очното стакло се замати заради болест на окото или траума, тогаш е потребна замена со транспарентна корнеа / корнеално ткиво донирано од друго лице.

Корнеалното ткиво се донира од скоро починато лице. Пред конфирмација за употребата на ова корнеално ткиво треба да се отстранат сите претходни болести на лицето донатор, кои би го загрозиле или оштетиле здравјето на пациентот, кај кого се трансплантира ова ткиво.

Зависно од степенот на оштетување на рожницата, можи да се направи трансплантација на рожницата во сите нејзини слоеви или само на слојот кој е оштетен.

Кератопластиката се врши од страна на хирурзи окулисти субспецијализирани на полето на рожницата.

Кои се целите заради кои се врши кератопластиката?

  • Подобрување на видот.
  • Реконструкција на рожницата ако истата е толку оштетена што го загрозува другиот дел на окото.
  • За отстранување на инфицирани или оштетени делови на рожницата кои не одговараат на антивиралната, антибиотската терапија или други медикаменти.
  • За естетско подобрување кај пациенти кои имаат лузни или опацификација на очното стакло.

Дали е можно, новото ткиво повторно да се замати?

Како и секое друго трансплантно ткиво, секогаш постои опасноста, телото на примателот да не го прифати страното ткиво, па на тој начин повторно ја напаѓа, заматува или оштетува ова трансплантирана рожница. Во медицинскиот речник ова појава е позната како „отфрлање на трансплантот“. Во тој случај, видот се намалува повторно. Можи да се направи втор обид за трансплантација, со надеж дека телото на примателот нема повторно да го отфрли.

Кај разни болести постои различна веројатност за отфрлање на трансплантот. На пр. во случај на кератоконус постои ризик во висина 50%: 50%. Во случај на кератити (инфекции на рожницата) ризикот е повисок и достигнува 70%: 30%.

Исто така, кај некои болести на рожницата, постои ризик ова болест да се појави повторно на трансплантираното ткиво.

Заради ова причина, честите контроли кај лекарот, посебно во текот на првата година на трансплантацијата, имаат значителна важност во успехот на оваа терапија.