Имплантирачка контактна леќа (ICL – Implantable contact lens)icl

Луѓето со миопија или екстремна хиперопија можат да не бидат соодветни кандидати за LASIK, но можат да имаат придобивка од
Имплантирачките контактни леќи односно интраокуларните леќи. Овие леќи се ставаат внатре во окото во текот на една брза процедура, без потреба од престој во болница. Овие леќи обезбедуваат трајна корекција, и притоа не е потребно отстранување или чистење на леќата. Некои од овие леќи можат да го коригираат и видот во блиски растојанија (за читање), со тоа пациентите над 45 год., се во предност.

ICL Visian – произведено од Staar Surgical

Имплантирачката леќа Visian еден вид на интраокуларна факична[1] леќа, која што се изработува од коламер – мек полимер, кој што може да се склопува. Корнеата се состои од колаген, па така коламерот и колагенот обезбедуваат одлична био-компатибилност и супериорна оптичка способност. Леќата се имплантира во Вашето око, зад ирисот, внимателно се склопува и се инјектира во предната соба на окото низ мал засек од само 3,0 mm, кој што го прави хирургот на периферниот дел од корнеата.

Предностите на ICL Visian

ICL Visian и уникатниот состав од коламер нудат многу предности вклучувајќи:

  • Квалитет на гледање – ICL Visian – обезбедува не само подобра острина на видот (нормална острина на видот се смета 20/20), но исто така и одличен квалитет на гледање. Многу пациенти реагираат со “УАУ“ кога ја воочуваат моменталната разлика во квалитетот во нивното гледање.
  • Био-усогласеноста – коламер, 100 % чист ко-полимер на колаген, во состав на ICL Visian не се смета како надворешно тело од имуниот систем.
  • Широкиот спектар на лекувања – ICL Visian нуди поширок спектар на лекувања за миопијата во споредба со LASIK и PRK.
  • Едноставност – за разлика од традиционалните контактни леќи, доколку ICL Visian се имплантира во окото, нема потреба од додатно внимание.
  • Безбедност – после имплантирањето (вметнувањето) во над 55 000 очи низ целиот свет, ICL Visian покажала јасни докази за безбедност при нејзината употреба
  • Вметнување на леќата – вметнување на ICL Visian е проѕирна за пациентот или другите, и тие не можат да ја забележат.
  • Отстранлива – ICL Visian е проектирана на таков начин за да остане трајно во окото. Сепак, леќата може лесно да се отстрани доколку видот на пациентот се промени или доколку се појави потреба за отстранување или заменување.

Често поставувани прашања во врска со ICL Visian

ICL Visian (имплантирачка (вметлива) леќа од коламер) е позната како факичка интраокуларна леќа која што нуди одличен квалитет на видот. Оваа леќа прави револуција во индустријата на рефрактивната корекција. Подолу можете да најдете неколку од најчесто поставуваните прашања во врска со имплантирачката (вметливата) леќа од коламер на хируршката компанија STAAR.

Прашање: Дали сум јас соодветен кандидат за ICL Visian?

Одговор: Имплантирачката (вметливата) леќа од коламер функционира најдобро за пациенти кои имаат средна до тешка миопија, но не им подлегнале на други хирургии на очи. Најсоодветни кандидати за ICL Visian се пациенти на возраст од 21 до 45 години, без историја на офталмички болести како глаукома, ирит, или дијабетска ретинопатија.

Прашање: Кои се предностите на ICL Visian?

Одговор: ICL Visian може да коригира еден широк спектар на миопии без отстранување или без уништување на деликатното ткиво на корнеата. При оваа корективна хируршка процедура, лекарот прави мал засек со должина од околу 3 mm. Овај засек нема потреба од шиење. Димензиите на засекот се доволни за вметнување на ICL Visian леќата – мала леќа која што е склопена

Леќата се состои од напреден био-усогласувачки материјал наречен коламер. Поради тоа што ICL Visian се вметнува внатре во окото, рефрактивните резултати и оптичките перформанси се трајни. Резултатот се состои во одличен квалитет на гледање.

Прашање: Што се случува доколку се промени видот на пациентот?

Одговор: ICL Visian може да се отстрани или да се замени доколку видот се промени. Друга корективна хируршка интервенција може да ја коригира оваа несоодветност. Очилата или контактните леќи се друга опција доколку постои потреба за корекција. Интраокуларните факички леќи не можат да се употребуваат за лекување на пресбиопија – потребата за очила за читање кои се последица на возраста.

Прашање: Дали може да се случи леќите да се исушат или да се извалкаат како што тоа е случај со контактните леќи?

Одговор: Не. ICL Visian е проектирана за да биде корективен третман кој што нема потреба за одржување. Ние ви предлагаме да продолжите со годишните контроли кај окулист за да бидете сигурни дека Вашите очи продолжуваат да бидат здрави.

Прашање: Дали ICL Visian може да се гледа со слободно око?

Одговор: Не. Леќата што ја прави корекцијата на Вашиот вид е целосно проѕирна за вас и за сите други. ICL Visian се крие за ирисот (шареницата), што обезбедува совршен козметички изглед. Само медицинските експерти ќе можат да забележат дека постои леќа вметната во окото.

Прашање: Од какво материјал е направена ICL Visian?

Одговор: ICL Visian се состои од ко-полимер на колагенот, наречен коламер, кој што е во сопственост на хируршката компанија STAARS. Овај материјал содржи мала количина на пурифициран колаген, кој што е многу траен и био-усогласувачки, што значи дека нема да предизвика никакви реакции во Вашето око.

Прашање: Колку долго ICL Visian ќе стои во окото?

Одговор: Се мисли ICL Visian да остане во окото без потреба од внимание. Доколку се појави потреба за отстранување, заради некоја причина, еден окуларен професионален хирург лесно може да ја отстрани

Прашање: Дали се приметува присуството на ICL Visian во окото?

Одговор: Поради тоа што ICL Visian не се лепи со некоја од структурите на окото и не се движи во неговата внатрешност, многу од пациентите не осеќаат дека таа се наоѓа таму.