Корнеалните  Inlays и onlays се мали леќи или други оптички опреми кои што се вметнуваат во корнеата со цел да и се даде нова форма на површината на окото, и притоа обезбедува подобар вид. Всушност, некои од овие опреми изгледаат како многу мали контактни леќи.

Првичната употреба на корнеалниот Inlay која што постои денес (терминот “Корнеален onlay“ денес се употребува се помалку) е за да го подобри видот во блиски растојанија и за да ја намали потребата за очила за читање кај возрасните и постарите кои имаат пресбиопија.

Во неколку случаи, хирургијата со корнеален Inlay може да се комбинира со LASIK хирургијата и притоа истовремено се коригираат и обичните (честите) рефрактивни нарушувања (миопијата, хиперметропијата и/или астигматизмот), заедно со пресбиопијата.

Поради тоа што корнеалниот Inlay се имплантира (вметнува) внатре во ткивото на корнеата овај вид на рефрактивна хирургија е помалку инвазивен од имплантирачките процедури на факичките леќи, кои што се однесуваат на поголеми леќи кои се ставаат длабоко во окото, пред или зад пупилата (зеницата).

Со помош на корнеалните Inlay или Onlay леќи за корекција на видот, очните хирурзи можат да ги избегнуваат компликациите кои што некогаш настануваат при процедури како LASIK или PRK, поради тоа што во случајот Inlay не се отстранува ткиво од корнеата. Исто така, овие опреми претставуваат помали ризици за окото, во споредба со длабоко имплантирачките леќи, поради тоа што хирургијата се извршува внатре во корнеата, а не внатре во окото.