KAMRA™ Inlay

(порано позната и како AcuFocus Corneal Inlay)

Доколку сте над 40 год., можеби сте забележале дека блиските објекти почнале да ви изгледаат надвор од фокус. Доколку тоа е случај, тогаш сте започнале да доживувате една состојба на очите наречена пресбиопија. Во пресбиопија, природната леќа (кристалинот) на окото ја изгубил својата флексибилност. Леќата не е во состојба да го промени наеднаш фокусот од далечни објекти на блиски. Како последица, објектите кои што се блиску изгледаат нејасни. До касно, најважното решение за тие кои патеа од пресбиопија беше употреба на очилата за читање. Сепак, многу луѓе не ја преферираат нивната употреба, поради тоа што се не комотни, не можат да се употребуваат во секоја ситуација или естетски не се многу прифатливи.

KAMRA Inlay е нова опрема, која што може да ја намали зависноста од очила за читање. Во комбинација со LASIK процедурата, таа исто така може да се примени за корекција на миопијата или хиперметропијата, и пресбиопијата. KAMRA Inlay е соодветна и за пациентите кои претходно и подлегнале на LASIK хирургијата.

KAMRA Inlay – порано позната како AcuFocus Corneal Inlay – е проучена и развиена во текот на една декада и добила CE сертификат во Европа во 2005 год.

Како функционира KAMRA Inlay?

Помало од контактна леќа, KAMRA Inlay изгледа како црн прстен, со многу мал отвор на средина, кој што го создава ефектот “Објектив (pinhole, анг. отвор на игла; објектив)”. Ова ја намалува заматеноста на видот кога видот се насочува на блиските објекти и го зголемува дијапазонот на фокусот (длабочината на полето на гледање). На овај типичен начин, KAMRA Inlay има малку или воопшто нема ефекти врз гледањето на далечни растојанија.

kamra-1
KAMRA Inlay е составена од полимер на био-компатибилен материјал. Во него се наоѓаат илјадници мали перфорации (дупки), кои што обезбедуваат храна на корнеалните ткива.

Факти во врска со KAMRA Inlay:

  • Диjаметар: 3,8 mm
  • Централен отвор: 1,6 mm
  • Дебелина: 0,005 mm

KAMRA Inlay споредена со традиционална контактна леќа

Типичен хируршки и пост-хируршки редослед

KAMRA Inlay се вметнува при една дневна процедура, без болнички престој, под локален анестетик – со капки во око. Процедурата е безболна и трае околу 15 минути.

Inlay се вметнува само во едно око, и тоа во не-доминантното око. Првенствено со фекмтосекундарниот ласер се прави еден џеб на корнеата. Во овај џеб на рожницата се вметнува Inlay, центрирана над пупилата (зеницата).

После процедурата, ќе забележите подобрување на гледањето на блиски растојанија, кое што ќе продолжи во наредните 6-12 месеци.

KAMRA Inlay посебно ќе го подобри гледањето на средни растојанија, од околу 50 cm, а со тоа ќе ви овозможи да го употребувате лаптопот или да ги читате менијата или белешките на цените, без потреба од очила за читање. Вие би можеле да имате потреба од очила за читање на многу ситни букви, во слабо осветлување или кога ќе читате еден подолг период.

За разлика од другите третмани за пресбиопија, KAMRA Inlay може да се отстрани.

kamray

Кој може да придобие од оваа опрема?

Доколку сте зависни од очилата за читање и сте здрави (телесно и очно), без други претходни состојби, како што се катаракта или глауком, KAMRA Inlay би можела да биде соодветна за вас.

Ве молиме контактирајте ја Германската Очна Клиника Тирана за да закажете средба за консултација и детален преглед на Вашето око