Леќа Acrysof CACHET – произведено од ALCON

Доколку сакате да искусите нов вид во Вашиот живот, без очила или контактни леќи, а во меѓувреме Вашиот лекар ви кажал дека LASIK не е соодветен метод за вас, тогаш можете да придобиете од факичката леќа Acrysof Cachet.

Вашата можност за целосно нов вид.

Кога луѓето размислуваат за наоѓање на можност за независност од очила или контактни леќи, тие најчесто размислуваат за LASIK или некоја друга ласерска процедура за очи. За жал, не секој е соодветен кандидат за LASIK. Сепак, има добри вести – ќе можете да го подобрите видот на далечни растојанија, без очила или контактни леќи, со помош на леќата AcrySoF® CACHET®.

Факичката AcrySoF® CACHET® леќа функционира заедно со Вашата природна леќа за да и помогне да ја фокусира светлината за подобар вид на далечни растојанија. Како дел на една хируршка процедура за подобрување на видот, позната со името факичка хирургија, AcrySoF® CACHET® леќата се вметнува во предната очна комора. Кога се вметнува, факичката леќа ја зголемува фокусната моќ за која што имате потреба и со тоа помага во корекцијата на висока миопија. Ситуацијата е слична со таа кога носите очила или контактни леќи цело време, но со избегнување на непријатностите кои се јавуваат со нивното носење.

Клиничките испитувања за AcrySoF® CACHET® леќата

Како и секоја друга хируршка процедура, имплантирањето на AcrySof® CACHET® леќата е многу важно прашање, кое што треба да го дискутирате со Вашиот лекар. Вие треба заедно да ги дискутирате придобивките и можните ризици од оваа хирургија и да одлучите дали таа е вистинската за вас.

Резултатот кај вас варира, меѓутоа клиничкото испитување за AcrySof® CACHET® покажало дека оваа леќа обезбедува еден одличен вид во далечни растојанија, без потреба од контактни леќи или очила. Во едно испитување, околу 80 % од испитуваните пациенти беа целосно независни од очилата 3 месеци после хирургијата на двете очи. Освен тоа, многу од пациентите постигнаа вид на дистанца, од 20/25 или подобар, без очила.

AcrySof® CACHET® леќата е проектирана за да ја намали или елиминира средната до висока миопија кај возрасните. Доколку рецептот за Вашите очила покажува диоптрија од -0,6 до -16,5, можите да бидете потенцијален кандидат. Еден нов поглед врз светот може да биде Ваш!