Crystalens HD – произведено од Bausch and Lomb

Што е Crystalens?

Првата интраокуларна, и единствена акомодирачка леќа одобрена од FDA. Единствена леќа која што ја употребува природната фокусна способност на окото – единствена леќа која што обезбедува една фокална точка (точка на жариште) низ еден континуиран правец на поместување од далечни растојанија кон блиски растојанија.

Интраокуларната акомодирачка Crystalens леќа е моделирана на таков начин да и овозможи на оптичката леќа, односно делот на леќата низ кој гледате, да се движи напред – назад, а истовремено тоа го променува фокусот од сликите во Вашата околина.

Како функционира интраокуларната акомодирачка леќа Crystalens?

Видот на многу луѓе останува непроменет до доцните 40-ти. Во ова време, природниот очен кристалин почнува постепено да се зголемува и да се стврднува. Ова е проследено со евентуална појава на катаракта. Со тек на време, станува тешко за очниот мускул, автоматски да ја фокусира кристалинската леќа, врз луѓето и предметите кои се наоѓаат блиску. Ова е познато со името сместување или пресбиопија и најраниот симптом за ова нарушување е потешкотија за воочување на предметите кои се блиску.

Crystalens е првата интраокуларна леќа за катарактот што овозможува и акомодирање. Како? Сите други интраокуларни леќи се фиксирани и не можат да се движат во окото. Нивниот модел не им дозволува акомодирање или движење за фокусирање. Crystalens е уникатна, поради тоа што таа се поместува за постојано и без замор да биде приврзана во текот на целиот ден, без разлика на растојанијата.

Crystalens функционира сосема различно од ReSTOR и ReZOOM леќите. Crystalens се движи и се наклонува во окото и со тоа овозможува промена на нејзината моќ познато и како акомодација (сместување). Оваа леќа нуди чист вид на средни и далечни растојанија, но објектите во блиски растојанија може да продолжат да бидат малку надвор од фокусот. Предноста од оваа леќа е ниското ниво на сјаење („glare”) во текот на ноќта и појасен контраст. Секако, многу пациенти ќе имаат потреба за очила за читање, за ситното писмо или објекти кои се премногу блиску.

Најчесто поставувани прашања

Прашање: Што е Crystalens?

Одговор: Crystalens употребува нова технологија која што е проектирана за да ја имитира природната способност на окото да се фокусира на објектите кои се наоѓаат на далечни, средни, и блиски растојанија. Се употребува во комбинација со стандардните методи за отстранување на катарактот. Crystalens е проектирана за да обезбеди еден постепен преод на видот, од далечни растојанија, кон средни и на крај кон блиски растојанија, за читање, без целосна зависност од очила или контактни леќи.

Прашање: Што ја прави Crystalens различна од другите интраокуларни леќи?

Одговор: Crystalens има уникатна можност за фокусирање врз објекти на различни растојанија со употреба на природниот систем за фокус на окото. Ова подразбира дека Crystalens може да ви овозможи постојан преод на видот, од блиски кон далечни растојанија и кон секој објект во меѓурастојанијата, без корективни леќи.

Стандардните леќи (за гледање во далечни растојанија) немаат можност да обезбедат спектар, на целосен вид, на сите растојанија. Многу луѓе кои што користат леќи за гледање на едно одредено растојание, треба да употребуваат очила за да гледаат на средни или блиски растојанија. При едно клиничко 2 годишно испитување за Crystalens, одобрено од FDA, се покажа дека голем број на пациенти со Crystalens (88 %) можеа да гледаат подобро на сите растојанија, во споредба со пациенти со стандардни леќи (36 %).

Прашање: Дали мојот вид може да се коригира на 20/20, за читање и за далечни растојанија?

Одговор: Crystalens е дизајнирана за да ги фокусира Вашите очи на сите растојанија, после хирургијата на катаракта. Иако секој ќе доживее едно видно подобрување на гледањето без корекции (очила) после хирургијата, некои луѓе нема да гледаат 20/20 на сите растојанија.

Интересно е да се забележи дека многу луѓе кои не подлегнале на хирургијата, не се во можност да гледаат 20/20 во блиски а и во далечни растојанија, дури и со очила и контактни леќи. Ова е последица на една низа на окуларни и физиолошки проблеми, како и изборите за начинот на живот (животниот стил), но и покрај се, многу од овие луѓе функционираат нормално и покрај тоа што нивниот вид е намален.

2 годишното клиничко испитување за Crystalens од страна на FDA покажа дека 92 % од луѓето опфатени со испитувањето (импланти во двете очи) можеа да гледаат 20/25 или подобро на далечни растојанија, 96 % можеа да гледаат 20/20 на растојание на испружена рака, и 73 % можеа да гледаат 20/25 на блиско растојание без очила или контактни леќи

Тоа што е уште по интересно се податоците дека:

  • 98 % од овие луѓе можеа да го положат тестот за управување со возило;
  • 100 % можеа да го гледаат компјутерот и црната табла, да ги прочитаат цените во супермаркет, или да нанесат тоалета на лицето;
  • 98 % можеа да го читаат именикот или весникот, сите овие, ги вршеа без потреба од очила или контактни леќи.

Важно е да се запомни дека острината на гледање е субјективна и зависи од окуларната и физиолошката состојба на секој поединец, исто така и од нивниот стил на живеење. Некои пациенти со Crystalens имаат потреба да продолжат да ги носат очилата за посебни активности.

Прашање: Што е со моето гледање на средни растојание, како при работа на компјутер? Дале ќе биде слично со видот што го нудат трифокалните очила?

Одговор: Вашата способност за гледање на растојание на испружена рака (средно растојание) ќе се зголеми со Crystalens. Над 96% од луѓето опфатени во клиничкото испитување беа способни да гледаат 20/20 на растојание на испружена рака без потреба од додатна корекција со очила.

Освен ова, квалитетот на Вашиот вид во споредба со употребата на трифокални стакла (стакла со три жаришта), ќе се подобри. Ќе имате целосен спектар на гледање, без потреба да ја наклонувате главата за да го најдете делот од очилата кој што Ви овозможува да гледате јасно. Едноставно насочете го окото кон некој објект, и Crystalens автоматски ќе го фокусира видот на блиско, средно или далечно растојание. Crystalens ја имитира природната фокусна способност на Вашето око.

Прашање: Дали ќе бидам способен да читам на секое ниво на осветлување?

Одговор: Crystalens делува на многу сличен начин како и нормалната леќа. Важно е да запомнете дека видот при читање на слаба светлина е под влијание на општата состојба на Вашето око и состојбата на сензорите за светлина во ретината. Со тек на годините, нашата можност за гледање во услови на слабо осветлување може да започне да се намалува. Секогаш е подобро да читате во услови на добро осветлување.

Прашање: Како можам да знам дали сум добар кандидат за имплантирање на Crystalens?

Одговор: Вашиот лекар ќе ви направи детален преглед и ќе ви советува план за третман кој е соодветен за ефективна корекција на Вашиот вид.

Скоро секој човек кој што е во добра општа здравствена состојба е кандидат за имплантна хирургија, освен тие со: хронични инфекции, неконтролиран дијабетес или други здравствени проблеми кои имаат потреба да причекаат до моментот кога нивната општа здравствена состојба ќе биде под контрола, и после тоа да се изврши хирургијата.

Тие кои и порано подлегнале на рефрактивна корнеална хирургија се прифатливи кандидати за имплантирање на Crystalens само доколку нивното око е здраво. Комуницирајте со Вашиот лекар.

Доколку порано сте биле хируршки третирани за катаракта, вие не сте соодветен кандидат за процедурата со Crystalens.

Прашање: Дали треба да имплантирам Crystalens во двете очи?

Одговор: Типично, катарактот се развива во двете очи. Доколку само едното око има катаракта, тогаш потребно е само едно имплантирање. Доколку двете очи се болни од катаракта и видот на едното око е послаб, хирургот прво ќе одлучи да го имплантира тоа око. Доколку двете очи имаат исто ниво на катаракта, хирургот најчесто се одлучува прво да го имплантира „недоминантното око„

Вашиот лекар ќе разгледа една низа на фактори за да одлучи на кое око прво да ја имплантира леќата, и дали и кога ќе биде потребно да се имплантира и другото око.

Прашање: Колку ќе потрае процедурата на оперирање? Дали ќе почувствувам нешто?

Одговор: Crystalens процедурата најчесто се врши во една дневна хируршка клиника (без потреба од престој на пациентот во болница). Треба да пристигнете во клиниката околу еден час пред почетокот на процедурата. Во Вашето око ќе се дадат неколку лекови во форма на капки, и исто така можат да ви се дадат лекови кои ќе Ви помогнат да се опуштите. Капките во око, ќе го опијат Вашето око и ја прошират пупилата (зеницата).

Кога ќе пристигнете во операционата сала, ќе треба да лежите на еден удобен кревет, и еден микроскоп ќе се позиционира над Вашето око, ќе ви се дадат инструкции да гледате право кон изворот на светлина во микроскопот.

Најчесто, за наведената хируршка процедура се потребни помалку од 20 мин. Хирургот ќе го стабилизира окото со еден уред, кој што ќе ги задржи отворени очните капаци. Нема да почувствувате болка, само лесен притисок окото. Се што е потребно да направите е да се опуштите и да не се придвижувате.

Откако ќе заврши хируршката процедура, во окото ќе се аплицираат други лекови во форма на капки кои ќе ги спречат инфекциите, ќе ги намалат воспаленијата и ќе ја задржат пупилата (зеницата) проширена. Вашето око може да се покрие со заштитна прекривка поради што се јавува потребата за присуство на друго лице кое што ќе управува со возилото за да ве врати дома. При пристигнувањето дома треба да ги избегнувате сите напорни активности. Вашиот лекар ќе ве прегледа денот после хирургијата, за да ја извади заштитната прекрива од окото и да го провери окото. Не го тријте окото.

Прашање: Кои се шансите нешто да не течи според планираното во текот на хирургијата? Какви компликации можат да настанат?

Одговор: Модерните третмани за катаракта се отстранување на кристалинската леќа и замена со имплантирачка леќа. Crystalens претставува “најдоцен/најнов“ модел на имплантирачки леќи и е резултат на еволуцијата од над 50 години третирање на катаракта.

Медицинската процедура за имплантирање на Crystalens е истата хирургија на катаракта која што се докажала сигурна, и која што се извршува на над 7 милиони очи годишно, низ целиот свет. Во текот на последните 25 години се направени над 40 милиони такви процедури. Сепак, поради самиот факт што е хирургија, таа не може да биде целосно без ризици.

Компликациите од хирургијата на катарактата варираат од лесни, најчесто привремени нус последици, па се до компликации кои што претставуваат сериозна закана за видот. За среќа, компликациите кои што претставуваат сериозна закана за видот, се премногу ретки и опфаќаат инфекција, хеморагија (крвавење) и прелом (откинување) на ретината, но не се ограничуваат само на овие. Овие и други компликации можат да настанат како последица од отстранување на една катаракта, независно дали се имплантира или не една интраокуларна леќа, и може да резултира со слаб вид, целосно губење на видот, или губење на окото. Можен ризик би бил и дислокација (поместување) на леќата и потреба од додатна хируршка интервенција, како што е отстранување на леќата или нејзино репозиционирање. Освен овие компликации, луѓето со веќе постоечки здравствени проблеми, како што е дијабетесот, високиот крвен притисок, хронични воспалителни состојби и хронични инфекции претставуваат поголем ризик за развивање на компликации. Денешните податоци покажуваат дека 98 % од пациентите не покажуваат компликации после хирургијата на катарактата и повеќе од 95 % имаат подобрен вид.

Вашиот лекар ќе ви направи еден детален преглед и ќе ви ги даде сите потребни информации во врска со ризиците за додатни компликации.

Прашање: Каков ќе биде мојот вид после хируршкиот третман?

Одговор: Вашиот вид на далечни растојанија, по правило ќе биде многу добар еден или два дена после хирургијата. Сепак, Вашиот вид на блиски и средни растојанија првично може да биде заматен.

Може да Ви бидат потребни очила за читање како помош при читањето во текот на овај период.

После околу 2 недели, ќе забележите дека видот на средни растојанија (должина на испружена рака) ќе се подобри и видот на блиско растојание ќе биде подобар во споредба со почетокот. Од овај момент, важно е да прекинете да ги употребувате очилата за читање, и на овај начин ќе го појачате фокусирачкиот мускул кој што се наоѓа во Вашето око.

Можно е да ви бидат потребни неколку месеци за Вашите очи да го постигнат нивниот полн фокусирачки потенцијал. Колку повеќе се обидувате да читате без очила за читање, толку побрзо ќе бидете во состојба да читате без нив. Можите да забележите разлика во видот помеѓу двете очи откако Вашите очи ќе заздрават. Ова е нормално. Доколку разликата во видот е значителна, Вашиот лекар може да ви препорача додатна рефрактивна корнеална хирургија. Ова најчесто се прави за корекција на астигамтизнот после хирургијата со имплантирање.

Фокусирачката способност е различна кај секој. Многу од луѓето ќе бидат способни да гледаат јасно на долги растојанија, да имаат одличен вид на средни растојанија, и ќе бидат во состојба да читаат весник без очила, но некои луѓе можат да им биде удобно после додатна корекција, особено ноќе или под слаба светлина.

Важно е да запаметите дека хирургијата со импалнти не може да ги реши предпостоечките проблеми со видот како што се движечките заматувања (floaters), искрите (flashes) или губење на видното поле, состојби кои се последица на други проблеми на окото и немаат врска со леќата.

За некои луѓе, со цел да имаат оптимална острина на видот, може да биде потребно употребата на очилата за долго растојание и/или блиско растојание. Разликата од стандардните леќи е во тоа што, многу луѓе нема да бидат зависни од овие додатни помагала за гледање (очила).

Прашање: Што може да се преземе понатаму доколку мојот имплант не обезбедува доволна фокусирачка моќ?

Одговор: Постојат различни причини зошто моќта на Вашиот имплант може да биде недоволна за да ви обезбеди добар вид на различни дистанци, вклучувајќи ги, грешките при мерењето, претходни рефрактивни хирургии, пр. LASIK PRK, но не само тоа. Во овие случаи, Вашиот лекар ќе одлучи за најдобриот план за третирање, кој може да опфати и додатна хирургија, како што е отстранување и замена на Crystalens имплантот.

Прашање: Што е со додатен отсјај („glare“), проблемите при управување со возило во текот на ноќта и осетливост кон светлост? Дали може да се случи хирургијата со имплантирање да предизвика проблеми од тој тип?

Одговор: Шансите за појава на овие симптоми со Crystalens во споредба со секоја друга корективна леќа на пресбиопија се многу мали. Овие симптоми можат да се појават или да се поттикнат поради хирургија на катарактата. Многу луѓе известуваат за вакви проблеми пред хирургијата на катарактата и секако и после хирургијата, сепак, овие ретко претставуваат проблеми.

Често осетливоста кон светлината е привремен симптом. Оптичкиот материјал Crystalens е толку чист што неколку луѓе имаат потреба некое време да се навикнат со сјајните бои и интензивната светлина од нивната околина, особено ноќе.

Како и со секоја интраокуларна леќа, појачаниот отсјај („glare“) ноќе може да предизвика проблеми кога пупилата (зеницата) се шири и некогаш светлото може да се рефлектира од рабовите на имплантот и да создаде искра светлина или “ореол“ од светло. Типично е тоа што ова не се случува во центарот на видното поле, тоа се појавува на периферија. Тие што употребувале контактни леќи во минатото можеби се запознаени со овај феномен.

Повторно, сјајот од светлото ретко претставува проблем, и доколку ве вознемируваат, постојат неколку мерки кои што лекарот можи да ги преземи за да го подобри Вашиот вид во текот на ноќта, вклучувајќи лекови или очила за управување со возилото во текот на ноќта.

Прашање: Кога ќе бидам во можност да им се вратам на нормалните активности после имплантирањето на рефрактивната Crystalens?

Одговор: По правило, ќе бидете во можност да им се вратите на нормалните активности во рок од неколку денови после имплантирањето, со неколку ограничувања. Вашето око може да биде осетливо на допир и кон јакото осветлување, но би требало да бидете во можност да управувате со возило и да се вратите на работа после 2 – 3 дена.

Вашиот лекар ќе ви даде лекарства за да ја спречите инфекцијата и да се намали воспалението, и можеби ќе ви препише и заштита за да го покриете окото додека спиете. Очилата за сонце, ќе ја намалат осетливоста кон светлината и ќе обезбедат заштита во текот на денот.

Важно е неколку дена после хируршкиот зафат, да избегнувате подигање на тежина, или напрегнувања кои ќе го покачат притисокот во окото. Вие, исто така треба да избегнувате триење или притисок врз окото. Треба да избегнувате активности кои ги зголемуваат шансите за удар на окото. Употребувајте очила за сонце кога ќе бидете во надворешни средини.

Вие можете да се туширате и да ја миете косата се додека ќе избегнувате навлегување на сапунот или шампонот во окото. Избегнувајте тоалета (шминка), пенел и римел, неколку недели после имплантирањето. Неколку недели треба да ги избегнувате базените, сауните и другите извори на бактериска контаминација.

Консултирајте се со лекарот за препораки во врска со одредени активности.

Прашање: Колку често ќе треба да правам контроли на очи, кај очен лекар, после хируршкиот зафат?

Одговор: Вашиот лекар може да ве советува во врска со зачестеноста на потребните контроли на окото. По правило, лекарот ќе ве прегледа еден ден после хирургијата, после 2-4 недели, и повторно после 3-6 недели после хирургијата. После тоа, еден преглед годишно е најчесто доволно доколку немате некој специфичен проблем.

Прашање: Дали можам да го посетам секој окултен лекар за постоперативните контроли?

Одговор: Вашиот хирург и/или неговиот/нејзиниот тим ќе сакаат да ве прегледаат веднаш после хируршкиот зафат за да се осигурат дека процесот на лекување на окото течи нормално. Ова опфаќа визита на првиот ден после операцијата и често следниот преглед. После ова, Вашиот хирург може да ви дозволи да ве прегледа друг квалифициран лекар.

Треба  да го известите Вашиот хирург доколку сакате да бидете прегледан од друг лекар после хирургијата, за хирургот да може да се консултира со лекарот, за да обезбеди високо ниво на внимание. Треба веднаш да го контактирате Вашиот лекар доколку имате проблеми или се сомневате во Вашите очи после хирургијата.

Прашање: Дали ќе имам потреба повторно да подлегнам на хируршка процедура за катарактата?

Одговор: Уште од моментот кога Вашата катаракта се отстранува и се заменува со имплантирачка леќа, нема да имате потреба да подлегнете на хируршки зафат за катаракта. Понекогаш, неколку месеци после имплантирањето на леќата во око, видот можи да почни повторно да се заматува. Ова се нарекува секундарна катаракта и се случува со заматување на мембраната која што го обвиткува имплантот.

Оваа мембрана (капсуларна кесичка) некогаш ја обвиткувала природната леќа. Кога се отстранува катарактата, оваа мембрана се остава, во чија внатрешност се вметнува вештачката леќа. Мембраната заздравува околу вештачката леќа, и со тоа ја обезбедува нејзината стабилност. За жал, понекогаш, истите причини кои што ја предизвикале првичната катаракта, ќе предизвикаат размножување на клетките врз мембраната после имплантирањето. Овие клетки ќе го блокираат видот и ќе треба да се отстранат.

Во овие случаи се употребува ласер за правење на мал отвор на мембраната за имплантот, со што веднаш се поправа видот. Оваа процедура не нанесува болка, се прави без потреба од анестетик и потребни се само неколку минути. Кога ќе заврши, нема да има потреба од друг хируршки зафат за Вашата катаракта.

Прашање: Јас имам суви очи. Дали имплантирањето на леќата ќе ми помогне да се реши овај проблем или после хирургијата ќе треба да употребувам вештачки солзи?

Одговор: По правило имплантната хирургија ќе има многу мало влијание врз хронично сувите очи. Оваа состојба се поврзува со една низа на внатрешни и надворешни медицински состојби и понекогаш има врска и со возраста. Треба да се консултирате со лекарот за една терапија која што е соодветна на причините и нивото на Вашата состојба како и соодветна со стилот на Вашиот живот.

Прашање: Дали и понатаму ќе функционира скенирањето на окото заради безбедносни причини после имплантирањето на Crystalens?

Одговор: Имплантирањето на Crystalens нема да влијае врз скенирањето за безбедносни причини. Ова скенирање најчесто се состои во распознавање на структурата на ирисот (шареницата) или ретината. Имплантот нема влијание над скенирањето на ирисот и нема да влијае на визуализацијата на ретината низ пупилата со нормални размери.

Прашање: Како можам да знам кој лекар е квалифициран лекар за имплантирање на Crystalens?

Одговор: Сите хирурзи кои што имплантираат Crystalens поминале низ една обемна обука и курс за нејзино вреднување. По правило, овие хирурзи имаат направено хирургија на катаракта неколку години и многу од чекорите при процедура на имплантирање на Crystalens се исти со чекорите за операција на катаракта.

Прашање: Колку долго ќе функционира Crystalens?

Одговор: Crystalens е имплантирана кај повеќе од 45 000 пациенти и покажала голем успех. Уште од одобрувањето од страна на FDA во 2003 год., продолжуваат да се собираат податоци кои покажуваат одлични резултати во видот, има малку известувања за компликации, вклучувајќи и преголем отсјај („glare“) и ореол („halo“) (визуализација на виножитни кругови околу светлата).