AcrySof ReSTOR® – произведена од ALCON

Што е ReSTOR®?

Интраокуларната постериорна дифракциона аподизирана AcrySof ReSTOR® е вештачка постојана леќа. ReSTOR® леќата е конвексна двострано и е направена од мека пластика. Оваа леќа се склопува и се вметнува во окото низ еден мал засек, помал од оптичкиот дијаметар на леќата. После вметнувањето, леќата внимателно се расклопува за да го врати (ReSTOR®) видот. Краците на леќата овозможуваат нејзино точно позиционирање во окото.

Како функционира оваа леќа?

Интраокуларната AcrySof ReSTOR® ја заменува природната леќа на окото. Таа има патентиран оптички модел кој што применува технологија на аподизација, дифракција, и рефракција. Дифракциониот и аподизирачкиот оптички модел, и овозможува на оваа леќа, прецизно фокусирање на светлината во ретината  за објекти кои се наоѓаат на различни растојанија, без механичко придвижување на леќата.

  • Аподизицијата е редукција односно, суперпонирање (анг. “blending”) на нивоата на дифракција.
  • Оваа уникатна технологија ги менаџира оптималните нивоа на светлосна енергија која што пристигнува во ретината, поради тоа што ја распределува потребната количината на светлина на фокалните точки за близина и далечина, независно од состојбата на осветлувањето.
  • Дифракционите и аподизирачките оптики се проектирани за подобрување на квалитетот на сликата, а со тоа истовремено се намалуваат проблемите со видот. Ова ќе резултира со подобрување на квалитетот на видот што гарантира голема независност од очила.

Кога се употребува ReSTOR®?

Интраокуларната ReSTOR® леќа се употребува кај возрасни пациенти со или без пресбиопија, кои посакуваат подобар вид за мали, средни, и големи растојанија а исто така посакуваат поголема независност од очила или контактни леќи. Оваа леќа е одобрена од FDA за употреба после хирургија на катаракта.

Што може да постигне ReSTOR®?

Едно клиничко испитување покажало дека интраокуларната AcrySof ReSTOR® леќа обезбедува подобро гледање на мали, средни, и големи растојанија, како и поголема независност од очила.

Кога не треба да се употребува ReSTOR®?

Не постојат познати контраиндикации. Сепак, врз основа на клиничките докази на FDA, Alcon, производителот на леќата, ги има одредено следните групи на пациенти како пациенти кај кои не е пожелно ставање на интраокуларна дифракциона аподизирана AcrySof ReSTOR® леќа.

  • Пациенти кои се хиперкритични со нереални очекувања;
  • Пациенти со големи жалби (поплаки) за рецептите за нивните очила;
  • Пациенти кои имаат потреба за ноќно управување на возила или тие чија професија или хоби зависи од потребата за добар ноќен вид;
  • Пациенти кои се пилоти аматери или пилоти на комерцијални летови;
  • Пациенти кои во текот на целиот живот се жалеле на претеран сјај на светлата („glare”)
  • Пациенти кои се среќни со носење очила
  • Пациенти кои бараат гаранција за хируршките резултати.

Кој е добар кандидат за интраокуларната ReSTOR® леќа?

Скоро секој кој што пати од катаракта и е со добро здравје може да биде кандидат за имплантирачка хирургија, меѓутоа луѓето со хронични инфекции, неконтролиран дијабет, или други здравствени проблеми можеби ќе има потреба да ја одложат операцијата се до моментот кога нивната состојба ќе биде под контрола.

Пациентите кои што и подлегнале на претходна ласерска хирургија на очи, вклучувајќи и LASIK, Custom LASIK, PRK, LASEK, Epi LASIK или секоја друга хирургија на нивната корнеа со ласер, можат да бидат прифатливи за имплантирање на ReSTOR® само во случај кога нивните очи се во добра здравствена состојба. После темелен преглед и детална консултација, Вашиот хирург ќе биде во можност да ве советува дали сте квалифициран за имплантирање (вметнување) на ReSTOR®