Ласерска хирургија

Да гледаш повторно нормално и конечно да не бидеш зависен од досадните очила или контактните леќи е сон на голем број луѓе.

Овој сон може да стане реалност за Вас. Методите на рефрактивната хирургија со ласер за трајна корекција на аномалиите на видот земале голем иновативен замав со помош на Excimer-Laser. Главните методи се LASIK, PRK, LASEK, каде што LASIК-от е најчесто употребуваниот метод.

Во рамките на детално осмислени, научно докажани, оперативни методи, и една ласерска технологија водена од компјутер и со висока прецизност, денес станува можно трајно и без оштетување да се коригираат, Вашите пореметувања на видот и притоа да добиете живот без очила или контактни леќи.

Доколку мислите дека рефрактивната хирургија со ласер е Вашиот избор, дојдете во Болницата Hygeia (Хигеја) во Тирана и информирајте се.

Кои рефрактивни проблеми на видот можат да се коригираат?

Постојат три рефрактивни проблеми или аномалии на рефракција кои што го попречуваат јасниот вид. Тие се:

Миопија: При миопија фокалното точка (точка на жариште) се наоѓа пред ретината, во внатрешноста на окото. Причина за ова е едно премногу долго око или премногу наклонета корнеа, т.е. корнеа која што премногу ги прекршува зраците.

Хиперопија: При хиперопија фокалната точка лежи зад ретината. Причина за ова е премногу кратко око или премногу рамна корнеа, т.е. корнеа која што недоволно ги прекршува зраците.

Астигматизам: Е резултат на неправилното искривување на корнеата. Поради тоа во ретината не може да се формира фокална точка, туку само елипса и заради тоа окото секогаш гледа нејасни слики, означени како елипсоидни форми.

Следува дека формата на корнеата  е фактор за одредување на јасноста на видот и учествува со 60 % во моќта на прекршување на окото. Поради ова, логички е грешките кои се јавуваат при прекршувањето на светлосните зраци, да се коригираат со промена на формата на корнеата . Во рефрактивната ласерска хирургија ова се прави со отстранување на ситни слоеви на материјал од корнеата  со помош на ласерските зраци.

Дали и одговара lasik/prk/lasek на Вашето око?

Рефрактивната хирургија со ласер може да се употребува при широко поле на проблеми. Посебно е соодветна во случај на миопија до -10 диоптрии, хиперопија до 4 диоптрии како и астигматизам до цилиндар од 5 диоптрии.

Како принцип, окото треба да е целосно развиено и стабилно. Доколку сте помлади од 18 години, тогаш се препорачува да причекате за лечење. Исто така, пациентите кај кои рефрактивниот проблем (диоптријата) е видно променет во последните месеци, препорачливо е да причекаат за ласерска интервенција.

Освен ова, постојат и други болести, како на пр. катарактот, за кој што ласерскиот третман не секогаш се препорачува.

За разлика од гореспоменатите, LASIK / PRK / LASEK третманите можат да се применат кога:

  • Пациентите не ги носат контактните леќи, или имаат тешкотии при нивното носење;
  • Пациентите поради професионални причини, мора да се откажат од очилата или контактните леќи;
  • Спортистите имаат препреки во извршувањето на нивните активности со носење на очила или контактни леќи;
  • Секој обичен човек не сака да носи очила или контактни леќи;

Новата техника, најдобра за Вашите очи

Во нашиот ласерски центар се работи исклучиво со модерна, сигурна апаратура, која што покажала врвни резултати во отстранувањето на диоптријата, поточно со: WaveLight® EX500 Excimer Laser. Овај ласерски систем во моментот е најнапредниот и најновиот систем. Со репетиционо ниво од 500 Hz, WaveLight® EX500 Excimer Laser системот претставува најбрзиот систем во светот за отстранување на диоптријата, со брзина од 1,4 s за диоптрија.

Што се случува со рефрактивната ласерска хирургија­?

Цел на рефрактивната хирургија со ласер е корекција на моќта на прекршување на корнеата, преку отстранување на многу тенки слоеви на ткиво. Корнеата  е дебела приближно 550 μm, и се состои од неколку слоеви. Важен оптички слој, каде што се прави отстранувањето со ласер, е стромата. Стромата се наоѓа веднаш под епителот – надворешната заштита на окото.

Сега постојат три методи на хирургијата со ласер: PRK, LASIK, и LASEK. Сите тие се научно познати, траат само неколку минути и по правило се извршуваат на амбулантно начин и со локален анестетик. Заедничката цел на овие методи е откривање на стромата, со цел отстранување на нејзините слоеви со помош на ласерот. Разликата е во начинот на постигнување на оваа цел.

Сите три методи имаат свои специфички предности, кои што детално се дискутираат во приватни разговори со лекарот

Кои се резултатите од хирургијата со ласер?

Долгогодишно искуство.

Уште од осумдесеттите години, рефрактивните проблеми на видот успешно се лекуваат со Excimer-Laser. LASIK-от е најмодерната метода за хируршко лекување на проблемите со видот. Од почетокот на деведесеттите години, оваа метода милиони пати резултирала како многу успешна. Особено, високото задоволство на пациентите после интервенцијата, придонело до покачување на бројот на лекувања во последните години.

Долгогодишното искуство покажува дека миопија до -5 диоптрии, во 95% од случаите може да се постигне корекција до ± 0.5 диоптрија, при што очила за далечни растојанија не се веќе потребни.

Генерално, во повеќе од 95% од случаите се постигнува корекција до ± 1.0 диоптрија.

Во случај на поголем дефект (до -10 диоптрии), во 90% од случаите се постигнува корекција до ± 1 диоптрија.