Custom LASIK-от го коригира видот со помош на ласерот.

Со Custom LASIK или корекција на видот со ласер воден од Wavefront “анг. wavefront guided laser vision correction”, постигнат е нов стандард со тоа што се постигнува многу точна корекција, што порано не беше возможно.

Употребувајќи ја дигиталната технологија на WaveScan, која првенствено била развиена за употреба кај телескопи со многу голема моќ, за намалување на дисторзиите кои се јавуваат при набљудување на далечните објекти во вселената, ние сега можеме да ги идентификуваме, измериме, и коригираме, несовршеностите на очите на еден поединец, 25 пати поточно од стандардните методи кои се употребуваат за очила или контактни леќи. Оваа информација се пренесува на ласерот, обезбедувајќи ново ниво на прецизност и точност.

Постигнување на полниот потенцијал на Вашиот вид

Моделот на несовршеност на Вашето око е толку уникатно за вас, колку и трагите на Вашите прсти. Пред модерните напредувања на технологијата, лекарите можеа да употребуваат само стандардни мерења за коригирање на видот, што значи дека рецептите за очила можеа да обезбедат само едно одредено ниво на корекција, и покрај сите потреби на поединецот.

Custom LASIK ни дозволува да ги измериме овие несовршености на 200 посебни точки. Ние можеме, на посебен начин, да ги лекуваме секоја од овие 200 точки, и со тоа се добива лична (персонална) корекција на видот, која што би била идеална за вас. Овај начин на лекување има потенцијал да обезбеди подобар вид, во споредба со тоа како сте гледале со очила или контактни леќи.

Подобри резултати во текот на денот и ноќта

Една година после процедурата Custom LASIK, пациентите при едно клиничко истражување, ги дадоа следните резултати, без помош на очила или контактни леќи:

  • 100 % можеа да го положат тестот за возење
  • 98 % можеа да гледаат 20/20 или подобро
  • 70 % можеа да гледаат 20/16 или подобро

Во клиничкото истражување, четири пати повеќе пациенти беа многу задоволни со видот ноќта после процедурата, во споредба со бројот на тие што беа задоволни пред процедурата, со помош на очилата или контактните леќи.