Кај PRK [Фоторефрактивна кератектомија – (photorefractive keratectomy)] епителот се отстранува со шпакла од површината и се открива стромата која што се наоѓа под неа. Отстранувањето со ласер се прави директно над површината на стромата. Потребни се неколку денови за повторно зараснување на епителот. Во текот на ова време треба да се носат леќи контактни за очи за заштита и исто така треба да се употребуваат капки против болки 3-4 пати на ден.

LASEK-от е еден вид на комбинација од PRK и LASIK, каде што, како кај LASIK-от се прави мал капак, но овде се припрема само од епителот и отстранувањето со ласер се прави како при PRK, на површината на стромата. И овде, потребно е неколку дена да се носат, контактни леќи за очи.