Германската Очна Клиника е единствена на овој дел од Европа која што работи со најсигурен Femto-LASIK (Femtosekond –LASIK) ласер, и притоа ја  употребува најновата опрема на Wavelight/Alcon Refractive Suite и со тоа таа има на располагање еден од најмодерните системи во Европа.

Најмодерниот третман на операции на око со LASIK

Femto – LASIK се смета како најмодерна и најсигурна метода, за корекција на миопијата (кратковидност), односно хиперопијата (далековидност), или астигматизмот, до денес.

Femto – LASIK е еден вид на методот LASIK, каде што капакот на корнеата се создава од страна на еден фемтосекундарен ласер за разлика од механичкиот микрокератом.

Префиксот “фемто-” во изразот “фемтосекунда“ е префикс според Меѓународниот Систем на Единици, (SI), кој што одредува дел од секундата, и тоа еден квадрилионити (еден милионти на една милијарда) дел на секундата (0,000 000 000 000 001 s) кој што во овај случај ја опишува брзината на делување на овај ласер.

За разлика од конвенционалниот LASIK, капакот на корнеата не се прави со микрокератом (Микро скалпел) како при конвенционален LASIK, но со помош на прецизен ласер кој што делува без контакт и на овај начин создадениот капак има точна форма и прецизна и предвидлива дебелина во споредба со ламелата направена со микрокератомот. За прв пат, LASIK е можен без употреба на механички средстваtabela2


Големата предност: на овај начин, резултатите се попрецизни и процесот на лекување се развива побрзо. Создадениот капак се апсорбира и фиксира самостојно додека целосната способност за гледање се враќа после само неколку часови.

Во продолжение како опција може да се аплицира и методот LASIK Xtra, за уште повеќе да се намали можноста за рефрактивна регресија во иднина. Вака функционира методот Femto-LASIK.tabela3

Фемтосекундарниот ласер создава капак со помош на ласерски зрак управуван со помош на компјутер, со рамнина под површината на корнеата така што секој импулс од ласерот создава мали меури кои постојано се собираат и создаваат тенка површинска мембрана која што како капак се одделува од другиот дел на корнеата. Со помош на хируршки микроскоп, и монитор, хирургот го следи проширувањето на засекот кој го прави ласерот.

 

Исто како и конвенционалниот метод LASIK, видното нарушување се коригира со “резбарење“ на корнеата  со помош на Excimer-Laser.
Конечно, капакот на корнеата се враќа назад. Тоа се апсорбира и се фиксира самостојно.tabela1

FEMTO LASIK – најпрефериран метод за корекција на видот кај овие нарушувања

tabela

 

Сигурна операција на окото со ПРЕМИУМ Femto – LASIK употребуван од NASA и US NAVY

Femto-LASIK (познат и како Femtosecond Laser или Laser-LASIK) методот е развиен во САД во 2001 година. Самата NASA (Американска Национална Аеронаутичка Вселенска Администрација), уште од септември 2007 год. ги третира проблемите со видот на своите астронаути со Femto-LASIK. За прв пат, во конкурсите на NASA се земаат во предвид и лицата кои што им подлегнале на третман со овај модерен метод на LASIK-от. Пред скоро време, Американската Морнарица (US Navy) и Американската Авијација (US Air Force) исто така издадоа правилници за корекција со LASIK дозволувајќи на нивните Џет-пилоти, третман со Femto-LASIK методот.