Хирургија на глауком станува неопходна кога медикаментозната не успева да го задржи очниот притисок на посакуваните вредности. Постојат разни техники и секоја од нив ги претставува своите предности и недостатоци.

Во општи црти, хирургијата на глаукомот е класифицирана во три групи:

Ласерските интервенции опфаќаат разни техники кои потпомагаат во намалување на притисокот со помош на разни механизми.

  • Иридотомија со YAG ласер
  • Трабекулопластика со ласер
  • Циклофотокоагулација

Пенетрирачка хирургија (трабекулектомија) е најстарата хируршка метода и воедно најчесто употребуваната во споредба со другите методи кои се применуваат денес. Се нарекува пенетрирачка затоа што остварува директна комуникација на надворешниот простор на окото со нејзината внатрешност. Оваа техника го намалува очниот притисок повеќе од непенетрирачките техники но носи и поголем ризик од компликации во текот на операцијата како и потоа.

Овде можи да се вброи и хирургијата со имплантација на специјални залистоци, кои се употребуваат во многу отпорни и комплицирани случаеви, кога другите хируршки методи биле безуспешни во намалувањето на очниот притисок.

Непенетрирачка хирургија (каналопластика, длабока склеректомија, вискоканалостомија и др.) опфаќа понови, пософистицирани методи, развиени во обидите за стварање помошни механизми, што поблиски до природните процеси на окото. Овие техники ја олеснуваат дренажата на очната течност, без стварање на директна комуникација со неговата внатрешност. Ова, значително го намалува ризикот од компликации во текот на операцијата и потоа.