Каналопластиката претставува еден нов третман на глаукомот, кој кај многу пациенти носи надеж за зачувување на видот кој кај нив е загрозен помалку отколку со другите методи.

Каналопластиката е непенетрирачка метода која не ствара фистула или филтрирачки јастук, како кај конвенционалната трабекулектомија. Ова доведува до значително намалување на ризикот од инфекции или зголемено истекување на очната течност во споредба со ова последната.

Технички, ова е една метода која бара одлични хируршки способности на лекарот кој оперира. По креирање на една резанка (капак) во белиот дел на окото се постигнува наоѓање на еден кружен микроканал, дел од дренажните патишта на очната течност. Во овој канал се сметнува еден микрокатетер кој овозможува потоа спроведување на еден тенок конец по сета должина на каналот, за 360 степени. Конецот се поврзува и затегнува во вид на јамка опкружувајќи го внатрешниот ѕид на каналот што овозможува ширење на каналот (т.н. каналопластика). Конецот се остава таму и остварува олеснување на дренажата на очната течност со што се намалува очниот притисок.

Повеќето пациенти со глауком се подобни да се подложат на каналопластика. Сепак, одредени видови на глауком, како што е глаукомот со затворен агол, не реагираат добро на каналопластика. Ова, претходно го одредува  Вашиот лекар.