Опфаќаат разни техники кои помагаат во намалување на притисокот со разни механизми.

Иридотомија со YAG ласер – прва линија на лечење на примарниот глауком со затворен агол.

Ласерска Трабекулопластика – остварува зголемување на дренажата на очната течност со помош на специфичниот третман врз структурата на аголот на окото.

Циклофотокоагулација – со помош на фототерапијата со ласер, се остварува делумно разградување на цилијарното тело, очен орган кој има функција во производството на очната течност. Ова техника води до тоа, да се намали производството на очна течност и следствено на тоа, до општо намалување на очниот притисок. Циклофотокоагулацијата се чува за многу отпорни случаеви, кога сите други методи се покажале безуспешни.