Трабекулектомија е хируршка постапка која се користи во третманот на глаукомот со цел на намалувањет на интраокуларниот притисок со одстранување на еден мал дел од трабекуларната мрежа на окото. Со ова се ствара една фистула, низ која очната течност излегува континуирано надвор од окото, под коњунктивата, стварајќи на тој начин едно т.н. филтрирачко перниче (filtration bleb).

Трабекулектомијата останува хируршки стандард меѓутоа опасноста од компликации (како што е инфекција на окото, прекумерно истекување на очната течност и др.) е поголема отколку кај методите каналопластика и длабока склеректомија.