На средината на 40-тите, сите луѓе ќе почнат да имаат потешкотии со видот на блиски растојанија. И тие кои имале совршен вид во текот на целиот живот, ќе забележат промена на видот во текот на читањето. Ова е последица на природното стареење на кристалинот, состојба која се нарекува пресбиопија. Способноста на кристалинот за да ја промени формата или да се акомодира се губи и со тоа очите не можат да се адаптираат или да се фокусираат на објекти кои се на различни растојанија. Традиционалната корекција на пресбиопијата била со очила за читање, бифокални очила, или контактни леќи за моновизија. Денес, моновизијата може да се реализира и преку ласерска хирургија на окото.

Ласерксата хиругија на окото за моновизија коригира едно око за да гледа добро на далечно растојание, и едно око да гледа добро во блиско растојание. При моновизија, окото кое што гледа на далечни растојание ќе извршува поголема работа кога личноста гледа во далечина, како при управување со возило или при гледање ТВ, и окото кое гледа на блиски растојанија ќе извршува поголем дел од работата кога личноста ги гледа блиските објекти, како при работа на компјутер или при читање на книга. На овие услови, мозокот автоматски го избира точно око, и без да се забележува преминува од едно око на друго. Моновизивната корекција е многу слична со околниот стерео звук. Звукот се трансмитира на десниот и левиот канал за да се слуша низ соодветните уши, но ова делба не се забележува. Вие слушате унифициран аудио бран без да размислувате дека кое уво треба да го употребувате.

За да одредите дали ќе се чувствувате комотно со моновизнивна корекција, може да се симулира една таква процедура со помош на очила, во ординацијата на Вашиот лекар. Многу пациенти веднаш сфаќаат дали можат да се адаптираат на една ваква процедура. Доколку ви е потребно подолго време, можат да се употребуваат и контактни леќи. Моновизивната ситуацијата може да се стимулира и неколку денови со помош на овие леќи се додека пациентот не е убеден во неговиот избор.

Пациентите кои не можат да се адаптираат со тестот за моновизија, може да размислат за корекција на видот со ласер за да го коригираат видот за далечни растојанија во двете очи. Често нема да имате потреба од очила за читање доколку сте под 45 год.

Доколку сте над 45 год. и не сакате да направите LASIK за моновизија, најверојатно ќе имате потреба за очила за читање во блиско растојание после LASIK хирургијата. За пациентите над 45 год. кои сакаат да имаат подобар вид за далечни и блиски растојанија, без правење на Моновизивна хирургија или без употреба на очила за читање, можност за менаџирање на нивната пресбиопија би била Хирургија за замена на кристалинот (природната леќа на окото).

Засновано на стилот на Вашиот живот, активностите и Вашите интереси, нашиот тим може да ви помогне во одлучување на формата на корекција на видот кој што подобро ќе ги исполни Вашите очекувања од видот.