Асферична интраокуларна леќа Acrysof IQ – перформанса за видот, кога постои потреба за повеќе

Асферичниот модел на интраокуларните леќи Acrysof IQ обезбедува подобра јасност и подобар квалитет на сликата.

Докажана во нејзината способност да обезбеди одлични перформанси на видот, дури и во најпредизвикувачки ситуации, асферичната интраокуларна леќа Acrysof IQ обезбедува:

  • Помалку сферични аберации и помалку тотали
  • Подобрен функционален вид во сите ситуации
  • Поголема чувствителност на контрасти во средни услови
  • Над 50 милиони имплантации ширум светот

Асферичен модел

По анализирањето на повеќе од 700 рожници, интраокуларната асферична леќа Acrysof IQ се произведе со сферична негативна аберација за да се компензира позитивната аберација на просечна рожница. Овој асферичен модел доведе до драматично подобрување на јаснотијата на видот и квалитетот на сликата, со редукција на аберациите.

Интраокуларна сферична леќа

Кога светлосните зраци се прекршуваат повеќе одошто е потребно, на периферијата на сферичната леќа настанува сферична аберација.

Интраокуларна асферична леќа

Интраокуларната асферична леќа ги управува зраците на светлоста на таков начин што ги регулира можните сферични аберации на рожницата.

Квалитет на сликата

Интраокуларната леќа Acrysof IQ ствара просечна сферична аберација на окото за околу 0.1 µ.

Кога се споредува со една интраокуларна сферична леќа, асферичната леќа Acrysof IQ покажува статистички значително намалување на аберациите.

Управување на возило ноќе

Управувањето на возило во текот на ноќта е честа причина за вознемиреност кај пациентите со катаракта. Други дополнителни фактори како магла, отсјај и големата брзина на движење, претставуваат уште поголем ризик. Во слични услови, кога се споредува со една контролна леќа, интраокуларната асферична леќа Acrysof IQ:

  • Функционира подобро во 34 од 36 случаеви
  • Подобрен функционалниот вид во предизвикувачките услови на реалниот свет
  • Им овозможува на пациентите повеќе време за да ги преземат соодветните дејствија

Еден дел од пациентите беа тестирани на симулатор за управување на возило ноќе. Пациентите беа тестирани на едното око (моноокуларен вид) под услови кои ги симулираат условите во градот или селото, во ведри временски услови, или во услови на магла и осветленост.

Пациенти со Acrysof IQ асферични интраокуларни леќи остварија просечен пораст од 40 метри на растојанието од знакот за опасност кој го гледаа.

Чувствителност на контраст

Интраокуларната асферична леќа Acrysof IQ е дизајнирана за да функционира во услови на недоволна осветленост, подобрувајќи ја чувствителноста на контраст функционалниот вид кај пациентите кои имаат повеќе потреба за тоа