Стандардните леќи Acrysof се сферични леќи произведени од фирмата Алкон (Alcon), светски лидер во областа на офталмологијата.
Овие леќи го штитат окото од надворешното ултравиолетово зрачење но не и од синиот светлосен спектар.

За разлика од асферични леќи, стандардните сферични леќи не можат да му избегаат на неправилната дистрибуција на светлината на нејзините странични усни.

За разлика од торичните леќите, стандардните сферични леќи не можат да го коригираат астигматизмот. Така, во случаевите кога пациентот имал потреба од очила за цилиндрична корекција пред операцијата тој повторно ќе има потреба од такви очила и после отстранувањето на катарактата.

Значи, во случај кога пациентот сака висока прецизност во фокусирањето на светлоста на мрежницата, се препорачува имплантација на пософистицирани леќи. Инаку, овие леќи се цертифицирани и нивната безбедност и функцијата се сигурни.