Торични Acrysof IQ леќи

  • Кон друго ниво во прецизната корекција на астигматизмот

Меѓу една долга листа на иновации на Alcon за интраокуларните леќи, новата Торична AcrySof® IQ леќа, претставува нај доверлива платформа за прецизната корекција на астигматизмот и додава подобрен квалитет на сликата со една асферична леќа, подигнувајќи ја торичната леќа на едно сосема ново ниво.

Со комбинацијата на придобивките од торичноста и асферичноста, интраокуларната леќа AcrySof® IQ Toric нуди навистина најдоброто од двата света.

Корекција на астигматизмот

  • Уникатниот торичен модел им нуди, на пациентите со астигматизам, можност за бинокуларно гледање независно од очилата за далечина.
  • Моделот на оваа леќа обезбедува посебна ротациона стабилност, со средно вртење помало од 4° на 6 месеци после имплантирањето.
  • Спектарот опфаќа пациенти со ниски нивоа на астигматизам.

Перформанси на видот

  • Асферичната докажана технологија ги намалува сферичните аберации од високо ниво
  • Асферичната оптика нуди зголеменa сензитивност за контрастот и подобро функционално гледање во предизвикувачките средини
  • Хромофорот кој што го поседува ја филтрира плавата светлина.

AcrySof® IQ Toric леќата – иновации во прецизен модел

Обрнете малку повеќе внимание на елементите кои што ја прават AcrySof® IQ Torik технологијата најмодерна за интраокуларните леќи:

  • Асферична торична биконвексна оптика
    • Нуди рефрактивен индекс повисок од 1,55
    • Иако има полни димензии со оптика од 6,0 мм, таа е во состојба да се склопува пред вметнувањето, овозможувајќи засек помал од нејзините димензии.
    • Ова е потенка леќа што го олеснува вметнувањето
    • Подобрено гледање во далечина, независно од очила
  • Задна торична површина
    • Редукција на преостанатиот рефрактивен цилиндар
    • Подобрено гледање во далечина, независно од очила
  • Предна асферична површина
    • Намалување на аберациите
    • Покачена сензитивност за контраст во услови со средно осветлување
    • Подобрено функционално гледање
  • Хаптички (одржување) отпорна кон силите
    • Овие ја одржуваат леќата многу стабилна и центрирана во капсуларната кесичка
    • Најфлексибилниот хаптички модел обезбедува оптимална поставеност во капсуларната кесичка, независно од димензиите

Материјалот на леќата се врзува со фибронектинот и притоа обезбедува адхезија во антериорната/постериорната капсула