Новост кај нас. Третман со софистициран ласер LenSx

tabela4

Најновите методи на ласерска операција овозможуваат, за прв пат, имплантација на вештачки леќи за лекување на катарактата и пресбиопијата без интервенција со скалпел. Најголем број на чекорите кои се потребни во текот на операцијата на пресбиопијата, сега можат да се направат со помош на ласер. Овој третман е многу суптилен и крајно прецизен, бидејќи, како што е кажано, се управува од страна на компјутер.

Употребуваниот ласерски извор користи фемтосекундни импулси кои се испраќаат до окото на претходно прецизно одредени позиции. Сите постапки на хируршкиот процес се вршат со прецизност контролирана од компјутер. За добивање на уште попрецизни резултати, еден интегриран скенер го поврзува окото со хируршката единица која се управува со помош на сликата така што, како компјутерот на LenSx ласерот така и хирургот, во секој момент добиваат прецизна слика во реално време, во текот на целата постапка на ласерската операција. Кај операциите без ласерска технологија потребна е употреба на конвенционални инструменти и скалпели. LenSx ласерот ги врши овие главни чекори на операцијата со помош на еден фемтосекунден ласер управуван со помош на слика – еден од најсовремените апарати од овој вид. Тој користи ултра кратки ласерски импулси за да ги направи посакуваните резови на рожницата, да се влезе до природната леќа, да се разбие и отстрани истата – сето ова со крајна прецизност.

Предности на операција на пресбиопија со ласер

  • Попрецизен рез на рожницата со помош на ласер (без употреба на скалпел)
  • Поголема стабилност на окото
  • Поголема прецизност, независна од надворешните фактори
  • Попрецизно отворање на предната капсула на леќата
  • Видео надзор во реално време
  • OCT – контрола со висока резолуција во текот на целиот третман
  • 40 % помала ултрасонична енергија за отстранување на природната леќа
  • Можност за истовремена корекција на астигматизмот
  • Попрецизно планирање на операцијата и резултатите
  • Попрецизното позиционирање на вештачката леќа придонесува подобар квалитет на видот

Овие чекори ги презема фемтосекундниот ласер

Kapsulorhexis (отворање на капсулата на леќата):

Со употребата на фемтосекунден ласер отворањето на капсулата на леќата е многу поточна и репродуктивна. Многу поретко се случува, имплантираната леќа да излезе од ова капсула (Luxation), да се премести или искриви. Затоа, способноста на видот после операцијата е поточно предвидлива и подобра. Исто така, поретко настанува пукање на предната страна на капсулата на леќата, што од своја страна ја зголемува сигурноста при операцијата.

Рез на рожницата

Фемтосекундниот ласер овозможува крајно прецизно репродуциран рез, во повеќе степени, во форма на тунел, чии делови се вклопуваат попрецизно отколку кај мануелното сечење. Ова го намалува ризикот од инфекција и истовремено ја зголемува сигурноста на операцијата.

Дробење на јадрото на леќата (фрагментација на јадрото):

Во случај на помала цврстина на јадрото, фемтосекундниот ласер можи да го сечи јадрото на повеќе ситни фрагменти и потоа е потребна само аспирација. Кај случаевите со поголема цврстина на јадрото, јадрото можи да се фрагментира со помош на ласерот а овие фрагменти на крајот да се аспирираат со редуцирана факоенергија.

Корекција на астигматизмот:

Мануелната корекција на астигматизмот е многу непрецизна, доколку би се правела некогаш. Овде, фемтосекундниот ласер овозможува видливо подобри резултати. Ова е посебно важно кај мултифокалните леќи, затоа што тие даваат добри резултати кај пост оперативната еметропија (еметропија = нормален вид).

Замената на леќата со фемтосекунден ласер е посигурно, попрецизно и резултира со оптички попрецизни резултати.