Со изминување на возраста, секој има потреба да користи очила за читање за гледање во близина.

На возраст од 40-45 години, опаѓа способноста на кристалинот за фокусирање на разни далечини, со промена на својата форма. Овој процес се нарекува пресбиопија.

На почетокот на пресбиопијата, за подобар вид на блиски растојанија обично се одалечува весникот, книгата или рачната работа. Потоа, со изминување на возраста, за гледање на блиски растојанија потребни се очила за читање.

Секако дека за миопите над 40 години ова не се случува токму вака. Лесна миопија (од околу -2 до – 3 диоптрија ) овозможува читање во близина без потреба на очила, но сепак, кај овие лица очилата се потребни за гледање во далечина (на пример за управување со возило или гледање телевизија). Доколку миопите пациенти се оперираат заради корекција на миопија тие ќе немаат потреба за очила за гледање во далечина меѓутоа ќе имаат потреба за очила за блиски заради пресбиопијата.

 

Денес постојат низа методи за корекција на пресбиопија:

  • Употреба на очила или контактни леќи
  • Ласерска хирургија (LASIK моновизион)

Имплантациона хирургија (со интраокуларни мултифокални леќи или корнеални импланти како што се Kamra inlay)