Мрежницата е внатрешен слој на окото, составен првенствено од нервни келии. Сите објекти кои ги гледаме се проектираат на мрежницата од каде пак се спроведуваат кон мозокот во форма на електрични импулси.

Ако окото се спореди со фотографскиот апарат, мрежницата ја има улогата на филмот на кој се пресликува сликата.

Главни болести на мрежницата

  1. Старачка дегенерација на макулата – патологија од која е погодена централната зона на мрежницата, која се нарекува макула. Ова болест е една од причините за губење на видот на возраст над 50 години.

Ризик фактори:

  • Возраст над 50 години
  • Кардиоваскуларни заболувања
  • Атеросклероза
  • Генетска предиспозиција
  • Женски пол

Важни се честите офталмолошки контроли за дијагностика и третман на ова патологија.

  1. Дијабетска ретинопатија – е оштетување на мрежницата од компликации на дијабетесот, што претставува една од најчестите причини за слепилото на возраста под 60 години. Мрежницата на окото вообичаено е погодена после 5 – 10 години од почетокот на болеста дијабетес.

Возраста и времетраењето на дијабетесот се главните фактори кои влијаат врз појавата на дијабетската ретинопатија. Правовремената дијагностика на дијабетската ретинопатија овозможува зачувување на јаснотијата на видот и подобрување на квалитетот на животот кај овие пациенти.

Важна улога во овој процес играат редовните офталмолошки контроли како и другите инвазивни и неинвазивни методи.

OCT (Optical Coherence Tomography) – Оптичка кохерентнта томографија на окото – неинвазивна метода, без контакт со окото, која овозможува визуализација на слоевите на мрежницата во реално време. Игра важна улога не само во диј
агностиката туку и во следењето на дијабетската ретинопатија пред и по терапијата.

FFA (Fundus Fluorecin Angiography) – Флуоресцентна ангиографија – инвазивна метода, во текот на која на еден од периферните крвни садови (во вена) се вбризгува контраст а потоа со специјална камера се визуализираат и фотографираат патолошките промени кои настанале на крвните садови на дното на окото.

Двете најчести форми на дијабетска ретинопатија се:

Пролиферативна дијабетска ретинопатија – појава на патолошки крвни садови на мрежницата кои предизвикуваат хеморагија.

Дијабетска макулопатија – патолошките промени настануваат воглавно во централната зона на мрежницата и често водат кон намалување на видот.

Третман на дијабетската ретинопатија

А – Ласерска терапија (панретинална фотокоагулација)
Подразбира ласерска интервенција на мрежницата со која се врши коагулација на периферната мрежница како би се зачувал нејзиниот централен дел (макулата и очниот нерв).

Важно е да се знае дека цел на ласерскиот третман е спречување на прогресот на ретинопатијата, да се зачува постојната моќ на видот и спречување на потешки компликации.

Б – Интравитреални инекции

Во случаевите кога постои појава на новоформирани крвни садови на мрежницата, од кои лесно настануваат крвав
ења и собирање на течности (едеми) на мрежницата а посебно на макулата, се препорачува терапија со анти VEGF што спречува пораст на новите крвни садови на мрежницата

В – Витректомија
претставува хируршка интервенција во внатрешноста на окото што е и единствена терапија за многу те
шки болести на задниот дел
на окото – аблација на мрежницата, пролиферативна дијабетска ретинопатија, крвавења на стаклестото тело, тешки трауми и инфекции на окото и друго.

  1. Напукнување и одлепување на мрежницата

Напукнувањата на мрежницата настануваат често кај миопите или кратковидите пациенти. Погодените пациенти често пати кажуваат за појава на светлосни искри во нивниот вид.

Кога внатрешната течност на окото преку пукнатините на мрежницата навлегува под неа и тогаш се случува одлепување на мрежницата. Во таков случај потребно е веднаш пациентот да се обрати до лекар затоа што секое каснење можи да доведе до губење на видот.

Пукнатините и дупките на мрежницата во почетен стадиум можат да се третираат со ласерска коагулација. Во случај на појава на одлепување на мрежницата, ефективна е хируршка интервенција на мрежницата (витректомија)