Професионалното усовршување го завршил во земјите на поранешна Југославија, во Германија и во САД. Од 1988 година се бави со офталмологија, од 2000 година работи во приватна клиника во близина на Лунен (Lünen) Дортмунд – Германија, а во март 2008 година отвори една од најмодерните клиники во Германија, во Дортмунд (http://www.augenklinik-westfalen.de). Главните области на негов интерес се операција на катаракта и рефрактивни постапки како Lasik, имплантација на мултифокални и торични леќи.

Др. Асани е член на неколку офталмолошки здруженија, како:

  • AAO: Американска Офталмолошка Академија (American Academy of Ophtalmology)
  • ESCRS: Европско друштво за катаракта и рефрактивна хирургија (European Society of Cataract and Refractive Surgery)
  • ASCRS: Американско друштво за катаракта и рефрактивна хирургија (American Society of Cataract and Refractive Surgery)
  • KRC: Комисија за рефрактивна хирургија (Kommission für Refraktive Chirurgie)
  • DGII: Германско говорно здружение за имплантација на интраокуларни леќи, интервентна и рефрактивна хирургија (Deutschsprachige Gesellschaft für Intraokularlinsen-lmplantation, interventionelle und refraktive Chirurgie)