Страбизмот е патолошка состојба во која очите не се меѓусебно правилно поставени и немаат синхронизирани движења. Вообичаено ова опфаќа недостаток на координација на очните мускули што го прави невозможно управувањето на двете очи на една иста точка.

Фактори на ризик се: бременост, проблеми за време на породувањето, развојот на новороденчето, прележани болести, и др

Генетските предиспозиции исто така можат да бидат фактор за појавата на страбизмот. Доколку во семејството има членови со страбизам постои можност страбизмот да се појави и кај другите членови. Една од главните причини за појава на страбизмот е ослабениот вид (заради, кратковидост, далековидост, амблиопија, или мрзливо око, вродена катаракта или други патолошки состојби на окото)

Симптоми: губење на паралелното поставување на окото, двојно гледање (диплопија), замаглен вид, вртење на главата или
лицето на едната страна (torticolis).

Видови страбизам

  • Езотропија Страбизам кон внатре (езотропија)
  • Ексотропија Страбизам кон надвор (егзотропија)
  • Страбизам кон горе (хипертропија)
  • Страбизам кон долу (хипотропија)

Постојат уште неколку посебни видови на страбизам како што е страбизмот кај постарите лица кој се појавува заради разни промени на нервите кои ги контролираат движењата на очите (трауми, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, зголемен крвен притисок, разни инфекции, тумори и труења)

Доколку не се дијагностицира и интервенира на време можи да остави тешки доживотни последици како што е амблиопија или мрзливо око кај децата. Дијагностицирањето и адекватниот третман припаѓаат на специјализирани подрачја на офталмологијата како што се страбологија и неуроофталмологија.

Дијагностицирањето на страбизмот, покрај симптомите кои можи да ги манифестира се врши со неколку инструменти како што се: фиксирано светло, cover-uncover тест, Schober тест, призми (Хишберг-Кримски тест), тестот Хес-Ланкастер, тестот Ланг, шиаскоп и синоптофор.

Важно е да се одреди рефрактивната аномалија и способноста на видот на двете очи со помош на циклоплегија во превербална и ортоптички табели на вербална возраст.

Страбизмот можи да е прикриен или манифестиран, паралитичен или конкомитентен.

Паралитички страбизам: е вид на страбизмот кај појавата на пареза или парализа на некој од надворешните очни мускули.

Парализа на нервот VI

Конкомитентен страбизам: Девијација на оптичката оска, како последица на дефект на функцијата на надворешните очни мускули.

Манифестираниот страбизам можеме да го забележи ме и со голо око и претставува трајна девијација на окото.

Латентниот (прикриениот) страбизам успева да се маскира од централниот нервен систем и забележлив  е само кога пациентот е уморен додека паралитичкиот страбизам е секогаш забележлив.

Терапијата на страбизмот е во зависност од неговиот вид.

  1. Очила – некои видови на страбизам настануваат заради рефрактивните дефекти (миопија, хиперметропија, астигматизам) и со употребата на очила страбизмот се губи. За овој вид на страбизам доволна е употребата на очила.
  2. Оклузија (затварање) – Оваа метода во лекувањето може да се користи во случај на мрзливото око, во кој случај се затвора доброто око како би се зајакнало проблематичното око.
  3. Ортоптика – ортоптичките вежби се вршат за подобрување на видот со двете очи и за подобрување на трите бинокуларни вида: симултана перцепција, фузија и стереопсис.

Екстраокуларни мускули

4. Операција – Кај страбизмот од раѓање, по правило нема потреба од очила и потребна е операција во рана фаза (од 6 месеци до 1 година). Поголемиот дел од кривењата се јавуваат помеѓу 2-3 годишна возраст и вообичаено се коригира со користење на очила, но кај страбизмот кој не се коригира и покрај користење на очила потребна е хируршка интервенција.

5. Ботокс – ботулинум токсин – Оваа метода доста ефикасна кај страбизмот предизвикан од засегање на нерв кој го инервира соодветниот мускул (паралитичен), кај пациенти кои се оперирани но не е постигнат очекуваниот резултат, Кај паралитичниот страбизам, по правило се јавува и двојно гледање (диплопија) и претставува доста тешка состојба за болниот. Кај овој тип на страбизам се претпочита еден период на чекање од 6 до 8 месеци, но во овој период на чекање може да се примени BOTOX методата со цел намалување на двојното гледање.

6. Хируршки третман на страбизам – Операциите за страбизам се вршат под генерализирана (општа) анестезија. Основниот
принцип на операција е намалување или зголемување на силата на мускулите кои ги движат очните булбуси.

Со рана дијагностика на страбизмот можи да се спречи мрзливост на окото и да се овозможи тродимензионалното гледање. Поради ова, при појава на сомнеж на страбизам, детето веднаш треба да се однесе на офталмолошки преглед, да се процени состојбата и ако е потребно што порано да се направи операција, бидејќи нема потреба да се чека детето да достигне одредена возраст.