Функцијата на окото можеме да ја споредиме со функцијата на фотоапаратот. Рожницата (очното стакло) делува како стаклена леќа и е еквивалент на надворешната леќа на камерата. Шареницата одговара на дијафрагмата додека леќата на окото на syri_1внатрешните леќи на објективот од камерата. Мрежницата можи да се спореди со филмот кој е во внатрешноста на апаратот

Рожницата, Шареницата и кристалинот (природната леќа на окото) создаваат слика на мрежницата. Слично на ова, леќите на фотографскиот апарат создаваат слика на средината на фотографскиот филм. Пред преземањето на сликата, леќите на камерата треба да се фокусираат – рачно или автоматски – на тој начин што ќе се овозможи создавање на чиста слика. Фокусирањето на човечкото око се врши преку промена на формата кристалинот.

Здравото око има секогаш добро фокусиран поглед на мрежницата, кога гледа на далечина. За гледање во близина, како кога читаме, кристалинот ја менува формата автоматски, што се нарекува акомодација. Способноста на кристалинот да ја менува својата форма (да се акомодира) опаѓа со годините, што станува поприметно на возраст над 40 години.
syri_2