Кератоконусот е прогресивно заболување кое го напаѓа ткивото на рожницата на окото и резултира со нејзино стенчување. Како последица на прогресот на болеста се менува формата на рожницата од сферична во конична, што доведува до намалување на видот. Причината за настанување на болеста е сеуште непозната. Клинички, кератоконусот е пропратен со слабеење на видот, појава на астигматизам (цилиндричен број со тенденција на пораст). Во одредени случаеви, при прогрес на болеста, слабеењето на корнеата можи да резултира со нејзина перфорација.

OKULYZER или скенер на предниот сегмент на окото – е дијагностички и куративен уред кој се употребува за рано откривање на кератоконусот, но не само тоа. Тој нуди тридимензионална слика за формата и дебелината на предната и задната страна на рожницата овозможувајќи дијагностика и следење на текот на болеста од почетниот стадиум.

Третман на кератоконусот:

Во почетниот стадиум на болеста, подобрувањето на видот можи да се постигни со употреба на очила меѓутоа со нејзиниот напредок очилата стануваат неефикасни и употребата на тврди контактни леќи овозможува подобра корекција на видот.

Во случаеви која болеста прогресивно напредува и кога пациентите не ги поднесуваат контактните леќи, се препорачуваат други методи на третман:

  • Метода Cross-linking
  • Метода Cross-linking Laser
  • Корнеални прстени
  • Кератопластика (трансплантација на корнеа)