Добредојдовте во Германската Очна Клиника

Нашето седиште се наоѓа во Германија. По прв пат ги отворивме вратите за Албанците и пошироко на Балканот во Приштина во 2005 година додека во 2012 година и во Тирана.

Од почетокот на нашата работа се посветивме кон максимална грижа за пациентот. За нас, не постои компромис со квалитетот и затоа ниту се дискутира за цените.

Пресметките се направени на тој начин да цената биде минимална за пациентот, иако се употребуваат материјали од врвен квалитет. Леќите како и другите материјали кои се користат во човечкото око се само од најпознатите светски производители како што се Alcon; AMO; StaarSurgical, Zeiss®.

За сите имплантации и материјали, пациентот добива соодветен документ кој што е кодиран и единствен во цел свет.
Ова го гарантира Германската Очна Клиника и Групацијата Домед!

Во 2005 година, по прв пат во регионот внесовме Excimer Laser и Custom лекувањето што значи „направено индивидуално само по мерка на Вашето око“. Ја внесовме сета модерна микрохирургија на окото, како што е операции на катаракта со факоемулзификација, вискоканалопластика, операции на стаклестото тело со 25 Г, операции за сите оние кои завршиле со големи рефрактивни грешки после трауматски операции некаде друго итн.

Ние ја внесовме рефрактивната хирургија од 18 годишна возраст, микрохирургија на новороденчиња и мали деца. Ние, во исто време, со најпознатите светски клиники започнавме со третман на болестите на мрежницата со AVGF. Ние сме меѓу првите во Европа кои што започнавме со лечење на кератоконусот и болестите на рожницата со CLX и не само тоа: ние започнавме третман на кератоконуси од прв и втор степен со лечење со ласерски бранови и CLX. Ова го пренесувавме во живо (LIVE) на конференцијата одржана во ноември 2012 година во Тирана.

Ние сме за Вас во Тирана и Приштина како и во неколку градови во Германија.

Нашите доктори од светски профил во соодветната хирургија на очите, како што се: Минир Асани (Minir Asani), Даниел Мелер (Daniel Meller), Андреас Вајнбергер (Andreas Weinberger), Габор Шариот (Gabor Scharioth), Тамер Тандоган (Tamer Tandogan) и други како и локалните доктори, сега веќе тренирани и под редовен надзор на горенаведените експерти се гаранција за перфекција на очната хирургија.

Во нашите клиники се инсталирани најмодерните средства, само од германски, швајцарски или американски квалитет, кои редовно се одржуваат од соодветни компании.

Ние го донесовме Excimer Ex 500 ласерот, најбрзиот и најпрецизниот во светот. Само 13 вакви ласери се инсталирани во Европа. И не само толку, ние започнавме со трансплантација на рожницата по прв пат во овој регион. Сега веќе сме авторизирани од албанската држава да вршиме трансплантации во Албанија. Нашите транспланти се гарантирани и доаѓаат од германските банки. Проф. Др. Мелер е директор на Банката за трансплантација на Универзитетот Есен и тој ќе го раководи ова одделение во Тирана.
Ние сме овде, заради Вашето здравје. Ние Ви гарантираме максимална професионалност, врвен квалитет во модерниот амбиент на болницата Hygeia.

Ве очекуваме
Тимот на Германската Очна Клиника