Очното перде не можи да се лечи медикаментозно, ниту пак со очила. Заради тоа што таа ги менува оптичките особини на окото, во раниот стадиум, привремено можи да се постигни подобрување со менување на диоптријата на очилата. Меѓутоа, ова е привремено решение, затоа што во подоцнежните стадиуми очилата нема да помогнат во подобрувањето на видот. Значи, хируршката интервенција е единствената можност за лекување која овозможува потполн успех.

Во повеќе од 95% од сите случаеви, способноста на видот значително се подобрува. Голем број пациенти се воодушевени од брзиот и добар резултат на операцијата до таа мерка што потоа не можат да го разберат своето почетно двоумење.

Исклучоци

За да се има јасен вид, потребно е и другите делови на окото да бидат здрави, односно да немаат болести. Во формирањето на јасен вид, покрај леќата учествуваат и површината на окото или рожницата, стаклестото тело, мрежницата, оптичкиот нерв, оптичките патишта кои продолжуваат до централниот нервен систем. Затоа, резултатите можат да бидат ограничени доколку пациентот е погоден од некоја друга болест на окото, како што е:

  • Дегенеративна болест на макулата (или стареење на централната видна точка)
  • Дијабетес
  • Зголемен очен притисок или глаукома
  • Други болести на оптичкиот нерв, мрежницата или централниот нервен систем
  • Доколку кај горенаведените случаеви се препорачува операција на очното перде, треба да ги знаете ограничените можности на резултатите поради другата болест, и заради ова треба да се советувате со Вашиот очен лекар.

Вреди да се знае

Каква е прогнозата на една ваква операција?

Благодарение на операцијата, врз соодветните предуслови, може да се постигне поголема острина на видот.

Дали се оперираат двете очи во исто време?

По правило, се оперира само едното око; во случај на операција без компликации на првото око, другото око можи да се оперира во текот на неделата.

Дали сум премногу стар за операција?

Не! Напреднатата технологија на операција и интервенцијата со локална анестезија, овозможува лицето да биди оперирано без обѕир на староста.

Дали е хируршката интервенција болна?

Благодарение на локалната наркоза (локалната анестезија), окото и неговото опкружување стануваат готово неосетливи, така да е можно да се осети допирот но не и болката.

Колку трае операцијата?

Операцијата трае околу 15 до 30 минути

Дали се случува окото да ја отфрли вештачката леќа?

Вештачката леќа е направена од инертен материјал кој не е штетен за организмот и окото. Поради тоа, реакции со отфрлање готово да не се случуваат.

Дали се осеќа интраокуларната (вештачката) леќа во окото?

Не. За разлика од контактните леќи на очите, вештачката (интраокуларна) леќа внатре во окото не дава осетливост на странско тело.

Кога ќе заздрави во целост моето око?

Процесот на заздравување е најзначаен во првите 3 – 4 дена. По овој период, третманот продолжува уште 3 – 4 недели, меѓутоа можите да се вратите на Вашите секојдневни работи. Природно дека постојат одредени ограничувања во однос на тешката физичка работа додека не заврши во целост процесот на целосно заздравување